Кората од банана има бројни лековити својства. Изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси. Но, најчесто секогаш после јадењето банана, кората се фрла. Искуствата на лечење со кора од банана се бројни.

Кората од банана опфаќа околу 35% од целото зрело овошје и често повеќе се отфрла, отколку што се кон.сумира. Всушност, лушпата од банана не само што е јадлива, туку е и богата со неколку клучни хранливи состојки како калиум, диететски влакна, незаситени масти и есенцијални аминокиселини.

Најчесто се користи како лек за лице и кожни проблеми. Се користи за природно избелување на забите, за нега на петите и стапалата, за проширени вени, а ја ублажува б олката и чешањето после у-бод од некој инсект.

Кората од банана се користи како природно ѓубриво за поголем раст на цвеќињата, а некои ја користат и за гланцање на домашниот мебел. Нутриционистите тврдат дека кората од банана е делотворна и за намалување на вишокот килограми.

Бананите се најпопуларното тропско овошје во нашиот регион. Толку ги имаме удомено, што веќе не ги поврзуваме со топлите и егзотичните краеви. За да се одгледува ова овошје, потребно е да му обезбедите температура од 19 степени во текот на целата година.

Во овие услови, одледувањето на банани во стакларници е поволно. Но, исто така треба да се обрати внимание и на влажноста на воздухот. Бананите изобилуваат со многу минерали како: калиум, магнезиум, калциум, бакар, манган, железо, фосфор, цинк и селен.

Кога бананите ќе созреат, обезбедуваат и природни шеќери како глукоза, фруктоза и сахароза и многу малку масни киселини. Од витамините, најприсутни се витамин Ц, Б2, Б3, Б6 и фолната киселина.

Во една зрела банана се наоѓаат околу 110 калории, затоа не треба да се претерува со нејзино кон.сумирање за време на диета. Во една банана се наоѓаат дури 3 г диететски влакна.

Познатата нутриционистка и диететичарка Сузи Барел препорачува да се консумира кора од банана за слабеење. Таа секое утро подготвува смути од органска кора од банани.

Маска за лице со банана, куркума и сода бикарбона

Со супена лажица истружете ја кората од банана од внатрешна страна, а потоа ставете ја во сад и додајте пола лажичка сода бикарбона и пола лажичка куркума. Маската нанесете ја на лицето и оставете да делува 10 минути. Потоа исплакнете го лицето. Оваа маска ги отстранува флеките и старечките пеги.

Кора од банани за кожни проблеми

Со внатрешната страна од кората ставете ја директно на проблематичното место на кожата и фиксирајте со завој или фластер. Оставете да делува преку цела ноќ. Практикувајте го методот секоја вечер додека проблемот на кожата да исчезне.

За потхранување на цвеќињата

Исечкајте ја бананата на неколку помали делови. Ставете ги во сад со вода и поклопете го садот. Чувајте го садот поклопен три дена, а кога водата ќе потемни, процедете ја. Со добиената течност поливајте ги цвеќињата еднаш седмично.

Остатокот од бананите не го фрлајте. Пресечените делови може да ги ставите помеѓу цвеќињата во земјата, а не само што кората е природно ѓубриво, бананата е и саморазградлива.

Искуство од читателка – Ана: За намалување на температура и главоболка, ставете кора од банана со внатрешната страна на челото и држете додека да помине главоболката и температурата да почне да се намалува.

Ако ја фрлите кората од банана во ѓубре, веројатно ќе грешите. Имено, нутриционистката Сузи Барел истакнува дека лушпата од ова овошје е полна со хранливи материи, вклучувајќи калиум, магнезиум, витамин Б6 и Ц.

Јадењето кора од банана може да го зголеми вкупниот внес на влакна до 10 %, помагајќи на цревата да работат правилно и потенцијално да придонесе за губење на тежината. Најпрактичен совет на Барел е да додавате кора од банана во утринското смути. Ова ќе ја зголеми хранливата содржина со минимална промена на вкусот и текстурата.

Малку познат рецепт, а одличен лек за многу проблеми, особено за недостаток на витамини и справување со нервоза. Бананите содржат голема количина магнезиум, кој има корисен ефект врз нервниот систем: опушта, го елиминира с тресот и го подобрува спиењето.

Бананите не се само извор на енергија, туку и извор на многу хранливи материи, како што е калиумот, кој е важен за одржување на мускулниот тонус, па дури и пулсот на срцето. Фосфорот ќе му помогне на организмот полесно да ги свари јаглехидратите.

Чај од банана – природен лек за несоница

Научниците потврдуваат дека овој пијалак лечи артритис, мигрена, улцер, бактерии. Пијалакот се подготвува одвечер и се пие топол за подобрување на квалитетот на сонот.

Потребни состојки: 1 зрела банана, 1-1,5 лажичка цимет, 2-2,5 литри вода.

Подготовка: Излупете ја бананата. Оставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ја бананата и циметот во водата. Намалете ја температурата, па варете околу 10 минути. Потоа процедете и испијте го пијалакот додека е се уште топол.