Отечено лице наутро може да биде симптом на сериозни здравствени проблеми, предупредуваат лекарите. Првенствено, оваа непријатна појава, која се обидуваме да ја скриеме на секој начин, може да биде сигнал за присуство на болести на бубрезите.

„Ако одеднаш ви се случи неколку денови по ред да се будите подуени во лицето, голема е веројатноста дека станува збор за здравствено заболување. Пред сè, треба да се проверат кардиоваскуларниот систем и бубрезите“, објаснуваат експертите.

Зошто бубрезите?

Бидејќи на бубрезите им е потешко да ја извршуваат својата функција кога телото е во хоризонтална положба додека спиеме, а покрај тоа, врз нив делуваат хормоналните флуктуации кои се јавуваат во текот на ноќта.

Ако бубрезите се оштетени, ослабуваат функциите, течноста појачано се собира во ткивата, што резултира со надуеност и оток, пишува НМД.мк

И срцето е во ризик?

Многу луѓе често го поврзуваат симптомот на отеченост со срцеви заболувања, меѓутоа, овој вид надуеност и отоци обично не се појавува наутро. Во случај на проблеми со срцето, едемот (отокот) има тенденција да се манифестира навечер – тоа е последица на ослабувањето на активноста на срцето, уморено од ст-ресовите во текот на денот.

СОВЕТИ ЗА ЗДРАВИ БУБРЕЗИ 

Постојано следете го и соодветно контролирајте го к рвниот притисок. Ова е можеби најзначајната работа која можете да ја направите за вашите бубрези. Високите вредности на кр-вниот притисок можат да ги ош.тетат бубрезите.

Имајќи предвид дека високиот притисок најчесто не покажува никакви симптоми, многу е значајно при дијагностицирани бубрежни заболувања постојано да ги следите неговите вредности и да ги утврдите несаканите промени.

Постојаното следење, ќе ви овозможи соодветно да го контролирате притисок, секако по консултирање со лекарот за начинот на кој тоа ќе биде изведено. Начинот најчесто е преку менување на животните навики (намалување на употребата на сол, здравата исхрана, добриот сон, физичката активност) и одредени медикаменти.

Следете ги важните параметри за здравјето на бубрезите

За жал, вообичаено состојбата со бубрежните хронични заболувања се влошува со текот на времето. Затоа е многу важно почесто да правите прегледи и да се советувате со вашиот лекар што би требало понатаму да превземате, врз основа на компаративната анализа на резултатите од повеќе постари и понови тестови.

Вообичаено, поставените цели треба да бидат: одржуватење на стабилен GMR или степен на гломелуларна филтрација; одржуватење на стабилно или пониско ниво на уринарен албумин

Бидете свесни дека е многу важно што јадете и пиете!

Правилната исхрана може да ви помогне да ги заштите бубрезите, да го намалите кр-вниот притисок, да го оптимизирате глукозното ниво во кр-вта и да ги превенирате или значително да ги одложите евенуталните компликации од бубрежните хронични заболувања.

Најважните совети околу исхраната при хронични бубрежни заболувања се:

Обратете посебно внимание на тоа колку сол јадете. Намалете го внесот на сол – јадете повеќе свежа храна, избегнувајте препроцесирана производи, употребувајте повеќе зачини за вкус на храната, проверувајте ги етикетите на продуктите за да откриете „скриена сол“, цедете ја конзервираната храна итн.

Внимавајте да не внесувате премногу протеини, бидејќи крајниот метаболитички продукт од овие нутриенти треба да биде обработен токму од бубрезите – зголемениот внес на протеини може да ги преоптерети бубрезите. Затоа, ќе морате да ги намалите продуктите од животинско потекло и да не претерувате со мешунките и јаткастите плодови.

Јадете храна која е здрава за срцето – помалку заситени и трансмасти, повеќе незаситени масти од растително потекло, свежа храна, храна богата со калиум. Немојте да пиете ал-кохол – може да го покачи кр-вниот притисок. Внимавајте и на тоа колку фосфор внесувате преку храната.

Бидете редовно физички активни

Имајте умерена физичка активнот најмалку 150 минути во текот на неделата. Таа ќе ви помогне да го намалите ст-ресот, да ја одржите здравата телесна тежина, да го регулирате шеќерот и кр-вниот притисок, а сето тоа е многу важно за здравјето на бубрезите.