Г нојните кожни болести вклучуваат првенствено појава на чиреви. Тие се формираат на таков начин што бактериите се формираат на едно место во кожата и таму започнува нивно размножување.
Чирот најчесто е последица на недоволна хигиена на кожата (или не се мие правилно), или како резултат на случајни и невидливи по-вреди кои не се исчистиле навреме. Меѓутоа, може да се развие и сосем случајно, поради враснато влакно кое расте под кожата или поради прекумерно лачење на лојните жлезди.
Ако има поголема нечистотија, чиревите можат да се прошират на повеќе места и на тој начин да бидат расфрлани во различни делови од телото. Заблуда е дека чиревите значат чистење на кр-вта. Напротив, чиревите се појавуваат како резултат на инфекција.
За правилен третман на чиреви, потребно е да се одржува чистота на погодената област и целиот организам. Да се ставаат облоги и да не се чеша чирот бидејќи може дополнително да се иритира.
Треба да се знае дека ладните облоги имаат поволен ефект додека да се забележи формирање на дупка со г ној, сепак, веднаш штом ќе се забележи ова, потребно е да се нанесат топли облоги, кои го забрзуваат созревањето на чирот и ја ублажуваат б олката.
Опас.носта од истиснување – стискање на чирот, исто така, мора особено да се нагласи. Чирот не смее да се цеди, бидејќи на овој начин инфекцијата може повеќе да се пренесе во ткивото и кр-вните садови и да се појави општа инфекција.
Затоа, како основно правило за чиреви, мора да се чека, со помошни средства (преливи) да се излекува процесот што е можно поскоро.
Лек кој го смирува чирот, лекува апсцес и го смирува г нојот
Потребни состојки: 500 мл вода, 1 лажичка масло, 1 белка од јајце, 1/4 лажичка сол.
Подготовка: Во 500 мл вода се додава 1 супена лажичка масло. Се става во тенџере на рингла додека водата да зоврие. Во мала чинија се мати една белка од јајце со малку сол (1/4 лажичка) додека да се формира пенасто како снег.
Во зовриената вода, се додава лажичка по лажичка од изматената смеса од белки. Кога ќе се измеша со водата и ќе се направи како паста, се исклучува ринглата и се остава уште 1 минута да отстои.
Се трга од рингла и се остава да излади до температура на толеранција, односно до топлина која може да ја поднесете, малку повеќе од температурата на телото. Остатокот се става во фрижидер и се загрева на рингла пред користење.
Со оваа паста може да се лекува чиреви, апсцеси, трн, масно ткиво, нокти зараснати во месо.. Се користи најмалку 5 дена, двапати во текот на денот се менува облогата, најдобро наутро и навечер.
Доколку не може да ја ставате облогата во текот на денот, мачкајте само навечер, но процесот на лекување ќе се оддолжи на некое време. Исто така може да користите и црна маст, се купува од аптека и го влече г нојот.
Може да користите хидроген и редовно измивајте го местото со вода и сапун. На овој начин ќе се спречи потенцијална инфекција. Искуствата велат дека чирот може да се лекува и со паста од сол и сода бикарбона. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска