Кога температурите ќе се покачат над 30. Целзиусов степен, многумина се чувствуваат слабо и поспано, но има и голем број од оние кои стpадаат од отоци на нозете. Долгото седење и/или стоење придонесуваат за оваа неугодна појава, а овој проблем може да биде навистина многу непријатен, пишува НМД.мк
Стапалата и делот од ногата околу глуждот најчесто отекуваат поради притисокот што го тpпат, а симптомите што се јавуваат се трнење во нозете, болка, како и чувство на тежина во нозете.
Причината што нозете на релативно здрави луѓе отекуваат во текот на летните месеци е проширувањето на кpвните садови што се јавува како резултат на изложеност на топлина.
За да ја решите оваа непријатност, повремено туширајте ги стапалата со ладна вода, а лекарите советуваат да ги подигате нозете кога ќе имате можност и тоа на висина над нивото на срцето.
Исто така, важно е да изберете удобни чевли што нема да ве притискаат, а оние кои многу седат поради својата работа, треба да стануваат на секој половина до еден час и кратко да прошетуваат за да ја раздвижат циркулацијата во долните ектремитети.
Отекувањето на нозете кај здравите луѓе може да се спречи со пиење повеќе течности, пред сè вода и чај (најдобро некој диуретик), а се препорачува следниот природен напиток кој ќе го забрза метаболизмот и ќе го исфрли вишокот течности од телото.
РЕЦЕПТ: Исечкајте една китка свеж магдонос, а најдобро е доколку можете да најдете цела билка од магдонос, заедно со коренот, стебленцето и листовите. Во тој случај се мие добро и се сечка или се блендира целата билка.
Исечканиот магдонос прелијте го со 500 мл врела вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои преку цела ноќ. Следното утро процедете ја течноста и додајте сок од еден лимон.
Пијте ја оваа количина на гладен стомак, поделена на трипати во текот на денот. Постапката повторувајте ја два дена по ред, а потоа три дена направете пауза. Циклусот се повторува до трипати.
Навечер пред спиење наполнете еден леѓен со млака вода и ставете една-две раце морска сол (колку повеќе, подобро). Во солениот раствор држете ги нозете 15-тина минути, а потоа исплакнете ги со млака вода. Солениот раствор помага во намалување на отоците, пишува НМД.мк
Ако стpадате од отечени стапала и потколеници, вклучете повеќе овошје и зеленчук во вашата дневна исхрана и намалете ја солта, но исто така, потребно е да се конcултирате со лекар ако земате лекови/диуретици кои делуваат на ист начин.
Добар избор се: цвекло, грозје, боранија, тиква и ананас, но и маслиново масло, домати и слатки пиперки.