Метеоролозите најавуваат екстремно топло време во текот на следните неколку дена. Очекуваните вредности на температурата на воздухот ќе бидат над 30. степен Целзиусов во наредните денови.

Она на што граѓаните треба да обратат внимание кога станува збор за многу високите температури, е и на многу високиот УВ индекс, за што обично се дава портокалово предупредување.

Кога има вакви топлотни бранови се советуваат сите, особено хроничните п ациенти, да не излегуваат надвор во врелите денови од 10 до 17 часот без итна потреба и редовно да ја земаат пропишаната терапија.

На оние кои работат во градежништвото им се препорачува да внесуваат доволно течности, како и на сите останати, а најдобра е обичната вода. Телото само најдобро си утврдува колку течност му е потребно.

Што се однесува до храната, се препорачува лесна сезонска храна полна со овошје и зеленчук. Лесни супи и чорби, салати од свеж зеленчук и овошје, пилешко и риба, пишува НМД.мк

За оние кои треба да излегуваат во текот на денот, се советува да носат светла и слоевита облека од природни материјали (памук, лен), да ја заштитат главата со капче или шешир и очила за сонце.

Задолжително треба да носат шише со вода и изложените делови од телото, како што се лицето и рацете, да се мачкаат со крем за сончење кој содржи заштитен фактор.

За време на големи горештини треба да се избегнуваат ал-кохолни пијалаци и прекумерно внесување на кофеин и шеќер. Се советува храната да се јаде во помали оброци и почесто. Туширањето или бањањето треба да биде со разладена вода.

Посебно внимание треба да се посвети на расипливата храна од протеинско потекло како што се: месо, јајца, риба, млеко и млечни производи.

Покрај правилното складирање на храната, термичката обработка и темелното миење на овошјето и зеленчукот, тру-ење со храна ќе се спречи со често миење раце и соодветна хигиена на вашите садови и прибор, особено на даските за сечење месо.

Повеќето микроорганизми во храната брзо се размножуваат на температури помеѓу 5 и 60 степени Целзиусови, па затоа е важно да се загрее храната што е можно побрзо на температура повисока од 60 или да се излади на температура пониска од 5 степени.

Неопходно е да се земат во предвид превентивните мерки за заштита, кои можат да се сведат на правилото на “четири И” (измиј, излади, испечи и издвој). Примената на правилото „четири И“ може значително да ги намали ризиците по здравјето и ова правило треба да се донесе и да се примени во пракса, пишува НМД.мк

Правилото „четири И“ подразбира да се „измијат“ темелно сите купени свежи намирници, но не само на храната, туку потребно е и темелно да се измијат рацете, како и садовите и целиот прибор со кој ќе се приготвува јадењето.

Понатаму, потребно е да се „изладат“ намирниците кои нема веднаш да се кон-сумираат или готовата храна, па затоа треба да се чуваат на температура од 3 до 5 степени Целзиусови.

Едно од правилата на „4 И“ е „испечи“, што всушност значи храната термички да се обработи, а ова особено важи за месото, месото од живина и слични производи, бидејќи на температура повисока од 60 степени се униш-туваат повеќето бактерии.

И на крај, „издвојте“ ги намирниците, односно селектирајте ги според различниот хигиенски статус (свежото месо од готовото јадење или свежиот зеленчук), пишува НМД.мк