Симптоми на подуеност и гасови кои укажуваат на посериозна состојба се: силна б олка во стомакот, гасови придружени со запек, дијареа или губење на телесната тежина. Честопати гасовите се предизвикани од она што го јадете. Храната започнува да се вари уште во усната шуплина, а се преработува во тенкото црево.

Чај од камилица

Чајот од камилица исто така може да помогне во намалување на гасовите и подуеноста. Чаша чај од камилица пред оброк или пред спиење може да ги намали симптомите на прекумерно создавање гасови и подуеност кај некои луѓе.

Јаболков оцет

Разредете една лажица јаболков оцет во чаша вода и пијте непосредно пред оброците, или најмногу трипати на ден колку што е потребно за да ги намалите симптомите.

Физичка активност

Вежбањето може да помогне во ослободување на насобраниот гас. Створете навика да прошетате по оброкот како начин да избегнете создавање на гасови. Доколку ниту една здравствена состојба не го предизвикува проблемот со подуеноста, тогаш проблемот ќе го решите многу лесно со промена на животниот стил.

Кон-сумирајте храна која му одговара на вашиот стомак, не се прејадувајте и јадете пополека. Избегнувајте користење на сода и други газирани пијалаци и гуми за џвакање.

Состојби кои предизвикуваат гасови, б олка и подуеност се: гастроентеритис, нетолеранција на лактоза, целијачна болест, Кронова болест, дијабетес, чир на желудник, синдром на нервозни црева. Доколку па-тите од некоја хронична болест, треба веднаш да посетите лекар и да го решите овој проблем.

Подуеноста во стомакот може да биде бол-на, непријатна, а еве како евтино и без лекови да се ослободите од оваа состојба доколку подуеноста и гасовите се предизвикани од храна. Стомакот обично отекува како резултат на храна што тешко се вари, но може да биде и знак дека во организмот се развива опас-на болест, како што е ракот.

Чај од јаглика – Јагликата содржи фолна киселина, антиоксиданти (флавоноиди), витамин К, Ц и А и затоа претставува моќен природен лек против подуеност и гасови. Во комбинација со магдонос, босилек, и камилица се подготвува моќна мешавина која со сигурност ќе ги намали гасовите. Магдоносот има карминативни својства. Подгответе чај од овие билки и кон-сумирајте го секојдневно половина час пред оброк.

Медицински својства на јагликата: Јагликата е особено добар лек за лекување на белодробни заболувања, нес-вестица и неправилности на срцевиот ритам. Чајот подготвен од цветовите го зголемува бројот на црвени кр-вни клетки.

Покрај тоа, се користи во третманот на несоница, мигрена и кашлица. Ја забрзува циркулацијата на кр-вта и помага при исфрлање на слузта. Чајот од коренот од јаглика има сми-рувачки ефект врз главоболките, нер-воза, несоница, вртоглавица.

Потребни состојки за чај: 50 г јаглика, 25 г лаванда, 10 г хмељ, 15 г кантарион.

Постапка: Една голема супена лажица од состојките, прелијте ја 1/4 литар врела вода и оставете да отстои 3 минути. Се пие пред спиење, додека е сè уште врел чајот. Јагликата поволно влијае на нер-вите и срцето и ги смирува главоболките предизвикани од нер-воза.

Виното од јаглика е особено лековито против проблемите со срцето. Може и сами да го направите од собраните цветови, кои се собираат во текот на пролетта. Убаво измијте ги листовите под млаз ладна вода и ставете ги во 2 литарско шише во кое ќе полиете чисто бело вино.

Виното чувајте го на сонце во период од 2 недели. Се кон-сумира по 2 – 3 голтки по потреба. Срцево б олните може да кон-сумираат секојдневно по 3 лажици, со претходна консултација од лекар.

Мешавина од куркума, мед и ѓумбир

Во чаша зовриена вода додајте лажичка куркума и лажичка ѓумбир во прав. Промешајте го пијалакот, а потоа додајте една чаша млеко. Исцедете го пијалакот низ цедалка или газа и засладете го со мед по желба.

Ѓумбирот и куркумата се познати како храна која најбрзо ги исфрла ток-сините од организмот, а нивната комбинација со мед и млеко ќе го зачува здравјето на орга-ните. Доколку млекото ви предизвикува проблем при варењето со храната, изоставете го тој дел или користете млеко од соја.

Намалете ја кон-сумацијата на солта

Солта е штет-на во однос на зголемувањето на кр-вниот притисок, а претераната кон-сумација може да доведе до различни здравствени проблеми. Поради тоа што може да го задржи вишокот вода во организмот, солта може да предизвика и подуеност. Ова е уште една причина да намалите со неа. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска