При акутно воспаление на бубрезите, болеста најчесто се појавува во детството и кај младите лица. Акутното воспаление се познава по отечените клепки на очите, а се појавува оток и на зглобовите.

Урината може да биде матна и темна, но некогаш и кр-вава. Б олниот чувствува под-молна б олка која се шири кон долниот дел од стомакот, бешиката, постојано чувствува замор и има губиток на апетиот. Подоцна се јавува тешка главоболка.

Во тешки случаи на заболувањето, доаѓа до отекување на целото тело. Се појавува и мач-нина и пореметување на видот, пациентот т ешко д ише, а може да се јави и по-враќање. Воспалението на бубрезите често го следи висок кр-вен притисок. Урината се излачува во намалени количини.

Лекување со чај. Потребни состојки: 40 г пченкарна свила, 40 г коњско опавче, 40 г овчарска торбичка, 40 г листови нане, 40 г кантарион, 40 г тимијан, 40 г стол-чена смрека, 20 г листови целер, 20 г листови тегавец.

Постапка: Билките се ситнат и се мешаат. Во 1 литар провриена вода, додајте 4 лажици од мешавината, поклопете и варете 1 минута. Потоа тргнете од рингла и оставете малку чајот да се олади.

Се пие преку цел ден, пред и помеѓу оброците на секои 2 часа по 50 мл. По чајот кој се зема пред јадење, се зема и по 1 лажица ладно цедено маслиново масло, а по други пијалаци се зема средна лажица мед со неколку капки исцеден лимонов сок. Маслиновото масло може да се зема помешано со храна.

Освен наведениот лек, за сите облици и б олести на бубрезите, се користи и некој од наведените три рецепти кои се подготвуваат со свежи билки. Лекувањето трае 15 дена или 2 седмици со 1 ден.

I РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 20 г листови од тегавец, лист и цвет од ајдучка трева, 10 г мајчина душица, 10 г магдонос, 10 г листови од целер, 10 г стебленца тимијан.

Постапка: Билките е потребно да бидат свежо набрани, а доколку е потребно, измијте ги под млаз студена вода и оставете да се исушат на чиста памучна крпа на собна температура, преку цела ноќ.

Потоа истол-чете ги во аван или некој друг сад. На стол-чената смеса додајте и 250 мл свеж сок од кисели јаболка. Доколку имате блендер, истото можете да го направите и во него.

Промешајте ги состојките и процедете ги преку густа газа. На процедениот сок се додава 500 г домашен, природен мед и повторно се промешува до соединување. Затворете го садот добро и чувајте го на ладно место.

Кон-сумирајте 8 пати на ден по 1 лажица од смесата со 50 мл провриена, па оладена вода. Во случај на применување на овие терапии, исхраната и другите упатства треба да бидат регулирани.

II РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 20 г лист и цвет од ајдучка трева, 20 г кантарион, 20 г лист од нане, 20 г тимијан, 20 г стебло од бела горчица, 20 г корен од гавез. Постапка: Подготовката и примената се идентични како претходниот рецепт.

III РЕЦЕПТ. Потребни состојки: 50 мл сок од цвекло, 50 мл сок од бела ротква, 50 мл сок од кисели јаболка, 50 мл сок од зелка.

Постапка: Во мешавината од сок додајте 500 г природен мед. Измешајте добро, затворете ја теглата или садот и оставете да отстои на темно и студено место (не во фрижидер).

Во еднакви временски растојанија, кон-сумирајте 12 пати на ден по 1 лажица, разредено со 50 мл умерено подготвен чај од мешавина на еднакви делови мајчина душица и пиревина.

Сите билки можат да се најдат во аптека или продавница за здрава храна. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска