Бронхитис е болест на дишните патишта, која најчесто е предизвикана од вирус или бактерија. Може да се појави кај сите, без разлика на полот и возраста, но најчесто заболуваат децата, лица со слаб имунитет и постари луѓе. Постојат два вида: акутен и хроничен бронхитис.
Акутен бронхитис е најчесто последица на инфекција или ладен воздух, додека хроничен бронхитис настанува поради постојани иритации на дишните патишта. Главен симптом на акутен бронхитис е упорното кашлање.
Кашлицата трае околу три недели и тоа е главната карактеристика на 50 % од пациентите. Кај 25 % може да трае и повеќе од еден месец. Симптомите на бронхитис се: кашлање, т ешкотии при д ишењето, б олки во мускулите и гра-дите, недос-таток на здив, искашлување на леплива слуз, замор, гроз-ница..
Бронхитисот се појавува после настинка и грип, па затоа и симптомите можат да бидат типични за симптоми на настинка и грип: б олка во грлото, замор, течење на носот, грозница, б олки по целото тело, по-враќање или дијареа. Акутниот бронхитис е многу почест од хроничниот, а по лекување на инфекцијата, го снемува.
Многу посериозна состојба која е поврзана со забрзан пад на функцијата на белите дробови е хроничниот бронхитис. Луѓето кои имаат хроничен бронхит, за разлика од оние со акутен, имаат многу подолг период на кашлица.
Природната медицина ги препорачува следните билки за третман: подбел, слаткарче, бел слез, анасон, жалфија, мајчина душица, ленено семе и борови пупки. Сварете чај со мешавина од билките кои ви се достапни, додајте мед и лимонов сок и пијте го чајот трипати на ден по оброк.
Друг корисен лек е жалфијата во шолја млеко. Пијте го напитокот врел пред спиење по 1/4 чаша. Млекото може да се замени со вода, доколку ви предизвикува непријатност во стомакот.
Сепак најлековитиот лек е оној приготвен со свинското сало / маст. За лекување се зема по една мала лажичка и се разматува со шолја врело млеко кое е најдобро да се пие навечер. При силна кашлица, за надворешна употреба, салото се меша со терпентин (смола од некои иглолисни дрвја) – може да се најде во аптека..
Оваа комбинација се мачка на градниот кош и се превиткува со ќебе или голем волнен шал пред спиење. Исто така, одличен лек е и мелен свеж тегавец, 1 чаша ракија, малку сода бикарбона и 1-2 лажици испрана свинска маст. Се премачкува градниот кош однапред и на грбот одзади и се превиткува со нешто топло.
II РЕЦЕПТ: Лек за хроничен бронхит
Потребни состојки: 100 г иглички од бел бор, 50 г оман, 50 г цвет од јаглика, 50 г бабјак, 40 г лист од жалфија, 50 г семе од анасон. Постапка: Билките се мешаат, па во сад со зовриена вода од 500 мл се става 2 супени лажици од мешавината. Се поклопува и се остава да отстои 10-тина минути по што се процедува.
Употреба: Се пие пред секој оброк, трипати во денот, по 100 мл засладено со мед. Уште како мала стра.дам од оваа тешка болест, а откога дознав за овој лек, бронхитисот еве како 5 години не ми се вратил.
Сите билки се купуваат од билна аптека или проверен билкар. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска