Изгорениците од сонце на плажа се неизбежен дел за оние кои не користат креми со заштитен фактор. Иако симптомите не можат да се промашат, некои од најчестите се: црвенило на кожата, пецкање и б олка, оток, пликови од сонце, а во некои случаи може да се јави главоболка, слабост, висока температура, што главно се поврзува со сончаница.
Коментар на Лука Даринка Пудиќ: Цветот од лилјан во форма на масло се користи за премачкување на опе-котини и из-гореници од сонце. При користење на овој лек, б олката веднаш се намалува, а лекот почнува веднаш да делува.
Постапка: Во тегла или шише ставете ги цветовите лилјан, а потоа долејте маслиново масло оставајќи еден прст на врвот. Затворете ја добро теглата и чувајте ја на сонце 40 дена со повремено протресување. Потоа маслото се процедува, но и не мора. Се мачка директно на из-гореницата и веднаш делува.
Лековит мевлем за псоријаза, ра-ни, из-гореници и други болести на кожата – делува многу брзо. Совет и рецепт за лековити мевлеми од д-р Стојковиќ за псоријаза и други кожни болести.
Доктор Љубинка Стојковиќ, специјалист по општа медицина и апитерапевт, советува кожата заболена од псоријаза да се третира со мевлем од невен, восок и прополис.
МЕВЛЕМ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПСОРИЈАЗА
Псоријазата е сериозно и многу непријатно заболување поради лупењето на кожата. На заболените делови докторката препорачува да се ставаат топли восочни катаплазми.
Исто така може да се приготвува и крем од вазелин и восок или како подлога може да се додаде и домашна маст испрана во девет води, 40 цветови невен, топче пчелин восок со величина на зелен орев и ситно изрендано исто толку големо топче прополис, претходно замрзнато.
Полека се растопуваат 300 г маст во која се додаваат невенот, восокот и прополисот. Маста се остава на тивко да крчка 15 минути, па се трга од оган и се остава преку ноќ. Наутро се загрева за да се растопи восокот, па се процедува низ газа. Ова е одличен мевлем за псоријаза, но и за сите други повреди, изгореници и промени на кожата.
Потребни состојки: 300 г маст испрана во 9 води, 40 цветови од невен, 1 топче восок со величина на зелен орев, 1 топче прополис со иста величина, претходно смрзнато за да може да се ренда.
Покрај познатата традиционална примена во исхраната, свинската маст се користи и за лекување на поедини болести. Потребно е само свинската маст да се испере во 9 води. Тоа значи дека свинската маст се испира во вода деветпати, т.е. процес кој треба да се повтори толку пати за да се добие идеална маст.
Тинктура од прополис
Тинктурата се прави од прополис и ал-кохол. За приготвување на тинктура се користи 96% ал-кохол, а уште подобро 76% етил ал-кохол, на кој е означено дека може да се употребува како прехрамбен продукт. Се купува исклучиво од аптека.
Во стаклена тегла ставете прополис, а потоа ставете ал-кохол во сооднос 1:2. Оваа течност чувајте ја 5-7 дена и протресувајте 3 пати дневно. По овој период процедете ја течноста.
Можете да кон-сумирате 20-90 капки тинктура дневно, зависно од болеста, помеѓу оброци, со половина лажица мед, млака вода или чај. За псоријаза: Трипати дневно внатрешно кон-сумирајте 15 капки прополис. Истовремено мачкајте го заболеното место со крем од прополис или маст.