Ова е стар рецепт кој порано се користел за регулирање на високиот притисок, густа к рв и маснотии, а се состои од лук, мед, оцет, лимон.

Потребни состојки: едно чешне лук (исчистен и изрендан), 1 лажица лимонов сок, 1 лажица рендан ѓумбир, 1 лажица јаболкова киселина, 1 лажица мед. Ова е основната доза за еден ден, а вие според потребите зголемете ги состојките.

Постапка: лукот исчистете го и изрендајте го, а исто така и ѓумбирот. Додајте лимонов сок и јаболкова киселина, а на крај медот. Убаво промешајте додека да изедначатѕ сите состојки.

Ова можете да го направите и во блендер, па да ја измиксате смесата додека да стане хомогена. Смесата е најдобро да се остави најмалку еден ден, а најдобро 2-3 дена да отстои во фрижидер пред кон-сумација.

УПОТРЕБА: Количината за еден ден се поделува на три еднакви дела. Најдобри ефекти дава кога се користи пред оброк. За превенција е доволно да се јаде пред појадок или пред вечера.

Овој природен лек го намалува холестеролот и делува против хипертензија. Резултати дава веќе после една седмица редовна употреба. Прочитајте го и следниот рецепт за подготвување на природен лек кој му овозможува на организмот да ги поправи грешките.

ЃУМБИР, ЛИМОН И МЕД: Три состојки кои го регенерираат вашето тело подобро од кој било друг лек

На сите им се познати корисните својства на лимонот, кој покрај витамин Ц содржи и органски киселини, го поддржува и јакне имунолошкиот систем и се препорачува кај настинки.

Меѓутоа, кога лимонот ќе се искомбинира со ѓумбир и со мед, доаѓа до повеќекратно зголемување на неговите својства како природен лек. Додавањето на ѓумбир во оваа комбинација придонесува за зголемување на стимулацијата за секреција на мукоза.

На тој начин се ублажува кашлицата и се олеснува б олката во грло. Ѓумбирот поседува антибактериски, антигабични и антикоагулантни својства, па поради тоа се користи како превенција од грип и настинка.

Исто така, се користи и кај алергија, а има и антивоспалителни својства. За корисните својства пак, за медот, сувишно е да се говори, бидејќи многупати сме пишувале за уникатните и лековитите својства за овој драгоцен пчелин производ.

АНТИВИРУСНА КОМБИНАЦИЈА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ – РЕЦЕПТ: Потребни состојки: еден поголем непрскан лимон, 200 мл домашен квалитетен мед, еден свеж корен од ѓумбир со средна величина.

Постапка: Лимонот измијте го, ѓумбирот излупете го и исечкајте го на помали парчиња. Лимонот заедно со кората исечете го на парчиња и отстранете ги семките, а потоа заедно со ѓумбирот сомелете ги на машина или во блендер.

Во мешавината додајте го и медот, па убаво промешајте за да се изедначат состојките и да добиете хомогена смеса. Овој природен лек складирајте го во стаклена тегла која ќе ја затворете со добатр капак. Се чува во фрижидер.

УПОТРЕБА: Земајте по една лажица дневно на празен стомак секое утро, па на тој начин зајакнете го имунитетот и на тој начин ќе спречите појава на разни болести. Истиот рецепт можете да го приготвите и со додавање на лук, во количина по ваша желба.