Ѓумбирот и рузмаринот се добри за здравјето на срцето и артериите, се наведува во студијата објавена во Списанието за традиционална, комплементарна и алтернативна медицина.
Хиперхолестеролемија е прекумерна количина на холестерол во телото. Ова може да доведе до промена на транспортот на липопротеините и метаболизмот. Познато е дека високо ниво на холестерол е ризичен фактор за артеросклероза, односно создавање наслаги во артериите.
Холестеролот ја менува васкуларната структура на телото и функција таложејќи се на васкуларните ѕидови и на тој начин ја спречува активноста на ендотелот, создавајќи лезии и оклузии.
Ризикот од хиперхолестеролемија исто така зависи од возраста и од полот. Генетиката исто така е важен фактор. Пациенти со фамилијарен висок холестерол имаат наследено алелични мутации во генот кој го специфира липопротеинскиот рецептор на површината од клетката. Фамилијарната хиперхолестерлемија го зголемува ризикот од предвремени исхемични пореметувања на срцето.
Монокотиленскиот ѓумбир од фамилијата Zingiberaceae е додаток на многу комерцијални намирици. Потекнува од Југоисточна Азија и познат е ширум светот како богат извор на соединенија како шагаол, парадол, терпен, олеоресин, гингерол, зигерон – сите со позитивни својства кои се користат во фитомедицината.
Кардиоваскуларните болести се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Преку 611 000 лица умираат од срцеви болести на годишно ниво само во САД, според податоците на Центарот за контрола и превенција од болести.
Постојат разни типови срцеви болести чии фактори вклучуваат: недостаток на физичка активност, фамилијарна историја, дијабетес, висок крвен притисок, пушење, висок холестерол, дебелина и прекумерно консумирање на алкохол.
Меѓу растенијата, зачините и намирниците кои придонесуваат за здравјето на срцето се:
КАРДАМОМ – го намалува крвниот притисок и богат е со антиоксиданти кои помагаат да се елиминираат слободните радикали кои можат да предизвикаат штета на срцето и другите ткива во телото.
МАЈЧИНА ДУШИЧКА – Има антимикробни својства кои го штитат телото од штетни бактерии и габички.
ЛУК – Во студија од 2006 година, Американската агенција за исхрана има наведено дека консумирањето на лук е добро за срцето бидејќи го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, а ја зголемува агрегацијата на тромбоцити. За најдобри резултати, јадете по едно или две чешниња сечкано лукче дневно или соодветна доза суплементи од лук.
РУЗМАРИН – добар е за имунитетот и мозокот. Поради тоа срцето јакне, бидејќи е значително подобрена реакцијата на имуниот систем при борбата со краткотрајните закани (настинки и грип) и долготрајните закани (срцев удар). Рузмаринот е исто така добар и за подобрување на циркулацијата.
ЗЕЛЕН ЧАЈ – богат е со здрави антиоксиданти и флавоноиди кои го подобруваат здравјето на срцето и крвните садови, додека ги намалува нивоата на холестерол и триглицериди, како што наведува студијата објавена во Европското списание за кардиоваскуларна превенција и рехабилитација. Студијата додава дека може да се намали ризикот од смрт предизвикана од срцев или мозочен удар за 26% со консумирање и до пет шолји зелен чај секојдневно.