Како да се третира вртоглавица на природен начин. Ако чувствувате повремена вртоглавица, тоа не значи дека имате вертиго. Луѓето кои стра.даат од вертиго чувствуваат постојана вртоглавица која може да биде исклучително непријатна. Дури и во мирна положба се чувствува како целата околина да се врти.
Видови вртоглавица
Постои вертиго кога имате чувство како да се врти целата просторија во која се наоѓате, но постои и субјективно вертиго каде што личноста има чувство како сопственото тело да се врти.
Една од најчестите причинители за појава на вртоглавица е: намален проток на к рв. Симпромите може да предизвикаат потешкотии со одење и главоболка. Друг причинител за вртоглавица може да биде и повреда.
Доколку имате повреда на вратот или главата, најверојатно е дека ќе бидете придружени со вртоглавица и главоболка, но овие симптоми не се постојани. Трет причинител може да е акустичен неврион или воспаление на увото.
Доколку е воспалено внатрешното уво, тоа може да предизвика вртоглавица. Исто така, оваа појава може да доведе до воспаление на увото, уште еден симптом кој ја придружува вртоглавицата.
Мигрена. Освен силните главоболки, мигрената може да предизвика вртоглавица, како и автоимуното заболување – мултипла склероза. Оваа болест ја прекинува комуникацијата помеѓу телото и мозокот, што исто така може да предизвика вртоглавица.
Најчести симптоми на вертиго се: дезориентираност, мачнина, потешкотии во говорењето, абнормалност при очни движења, губиток на слухот, замаглен вид, зуење, слабост, па дури и губиток на свеста.
Како да се излечи вертигото? За среќа, вертигото не е опа.сно и може едноставно да се третира на природен начин во комбинација со фармакотерапиите или третман по препорака на лекар.
Чај од ѓумбир за лекување на вртоглавицата и вертигото – рецепт
Според научните истражуваења, коренот од ѓумбир е одличен природен лек за вртоглавица. Се препорачува да се свари еден корен од ѓумбир во зовриена вода, околу 5 минути.
Кога чајот малку ќе се подизлади, може да додадете и една лажичка мед. Пијте по две чаши од чајот дневно за подобри резултати. Чајот може да се дозира наутро и навечер, покрај терапијата која што ја спроведувате.
Бадеми и млеко
Витамините Е и Б, кои ги содржат бадемите можат да имаат големо влијание за лекување на вртоглавицата. Користете филтрирана вода за во неа да натопите 4 бадеми преку ноќ, а наутро изблендирајте ги и измешајте ги со чаша млеко. Уживајте во вкусот кој изобилува со здравствени благодети.
Јаболков оцет и мед
Комбинацијата од јаболков оцет и мед може да ја излечи вртоглавицата и вертигото. Помешајте мед и јаболков оцет во сооднос 2:1 и кон-сумирајте по една лажичка од сирупот, трипати дневно. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска