Неможноста да се контролира мокрењето (инконтиненција), што се манифестира во опсег од повремено „испуштање“ од неколку капки до целосна неможност да се задржи урината, е модерна епидемија за која малку се зборува.
Милиони жени и мажи во светот имаат потешкотии со неволно истекување на урината, а истиот приоблем го има и во нашата дражава, како и кај сите балкански држави. Податоците покажуваат дека само околу 5% од забиолените се лекуваат, а останатите од срам воопшто не помислуваат да одат на лекар и да побараат решение за овој проблем.
Неволно мокрење е здравствен, хигиенски и социјален проблем. Поради специфичната природа на состојбата, инконтиненцијата е проблем за кој е тешко да се зборува, дури и со лекарите. Се појавува на сите возрасти и кај двата пола, но многу почесто кај жените, велат експертите.
Итен, неподнослив нагон за мокрење што е тешко да се задржи, одење во тоалет со потреба за мокрење повеќе од осумпати на ден, и повеќе од двапати во текот на ноќта, се некои од симптомите што укажуваат на итна инконтиненција.
Поради сето ова, па-циентите се често вознемирени и исцрпени, лишени од квалитетен сон, напнати и деп-ресивни, социјално ограничени, со губење на самодовербата и постојан ст-рав од неволно мокрење и потреба да бидат близу до тоалетот, без концентрација и со недостаток на продуктивноста, честопати на боледување.
Поради значително влошување на квалитетот на животот, не е изненадувачки што лекарите го класифицираа неволното мокрење како „социјален кар.цином“.
Во Југоисточна Европа, околу 50 проценти од жените постари од 50 години имаат ваков проблем, но само една од десет го признава својот проблем и бара помош од својот лекар. Кај помладите жени, инциденцата на инконтиненција е мала, но се зголемува во репродуктивниот период, по породувањето природно и околу менопаузата, со постојан пораст во подоцнежниот живот.
На едукативниот форум за неможноста за контролирање на мокрењето, „Проблемот за кој се молчи“, гинекологот д-р Мима Фазлагиќ напомена дека првите проблеми со инконтиненцијата се појавуваат кај повеќето луѓе на возраст од педесет години.
„Сепак, има голем број на млади жени кои стра-даат од овој проблем, најчесто како резултат на тешко или повеќекратни пораѓања по природен пат. Мускулите и ткивото обично слабеат поради возраста, бременоста, ваги-налното пораѓање, дебелина, дијабетес, хистеректомија (хируршко отстранување на матката).
Сите промени што се случуваат за време на менопаузата влијаат врз здравјето и квалитетот на животот, а една од нив е и ст.ресната инконтиненција. Уринарна инконтиненција кај овој вид на инконтиненција се јавува при кивање, кашлање, смеење или скокање.
Некои жени сметаат дека овој проблем е неизбежен дел од процесот на стареење, и дека како таков треба да се прифати, што не е точно. Слабоста на мочниот меур обично започнува кога нивото на естроген почнува да се намалува. Во зрелоста, мускулите на карличниот под започнуваат да се релаксираат.
И двата фактори можат да доведат до ст.ресна инконтиненција. Затоа улогата на лекарите е да ги охрабруваат пациентите да зборуваат за овој проблем, бидејќи постои решение за присилно мокрење, особено ако е препознаено и откриено на време.
Во почетната фаза доволно е да се променат животните навики и да се користат природни, ефикасни и безбедни препарати, за кои не е потребно да се консултирате со лекар“, објасни д-р Фазлагиќ.
Сепак, инконтиненција постои и кај мажите, и ст.рес и итна инконтиненција, што подразбира неволно губење на урина кога некое лице чувствува нагон за мокрење, но не може да ја задржи урината во мочниот меур пред да оди во тоалет. За овој тип на проблем дискутираше проф. Д-р Александар Вуксановиќ, уролог на Универзитетскиот клинички центар на Србија.
„Итната инконтиненција е повторно неволно губење на урина, каде што количината на урина во мочниот меур не мора да биде голема, но се испраќаат импулси дека мочниот меур е полн, што доведува до спазам на мускулите на мочниот меур кои ја исфрлаат урината. Ова е прилично честа болест кај жените и мажите што драматично го нарушува квалитетот на животот.
Инконтиненцијата е често прогресивна и од прв момент не знаеме колку брзо ќе се развие. Сепак, поентата е дека денес, ниеден човек не мора да стра-да, дури и ако имал благи проблеми. Затоа, потребно е да се третира овој проблем, а целта на терапијата е да се подобри квалитетот на животот на пациентите.
Пред 20 години, тешките форми беа третирани исклучиво со опера-ција, а повеќето жени, кои имаа стрес.на инконтиненција, не сакаа да се лекуваат на овој начин. Денес, имаме минимално ин.вазивни процедури за да го исправиме овој вид на инконтиненција.
Постојат и лекови кои можат да ја подобрат итната инконтиненција со минимални несакани ефекти. Од друга страна, имаме пациенти кои имаат минимална загуба на урина и кај кои класичната фармаколошка терапија може да биде премногу силна или може да даде некои несакани ефекти.
Во таквите случаи, фитопрепаратите што содржат екстракт од семки од тиква и изофлавони од соја се вклучуваат во терапијата, чијашто ефикасност е потврдена со бројни научни студии.
Фитотерапевтиците се исклучително корисни, не само за лесни форми, туку и како додаток на терапијата за потешки форми кога можеме да избегнеме зголемување на дозата на лекови што може да дадат несакани ефекти“, објасни проф. д-р Вуксановиќ.
Горица Ѓокиќ, претставник на Здружението на пациенти со карцином на јајници и грло на матка „Проговори“, на едукативниот форум рече дека неможноста да се контролира мокрењето е проблем за кој малку се зборува, а со кој се соочуваат голем број жени.
„Наидов на овој проблем откако ми дијагностицираа рак на јајници и откако ми беа отстранети матката, јајниците, дел од абдоминалното ткиво и дел од лимфните жлезди. Инаку, една од причините за неконтролирано мокрење е хистеректомија.
Не е срамота да се зборува јавно за овој проблем. Треба да се решава. Надминете го чувството на срам и одете на лекар за стручна помош, следете ги симптомите, вежбајте и јадете правилно “, објасни Ѓокиќ.