Дали сте слушнале дека семето од босилек е многу моќно и дека е многу полезно за здравјето? Иако во денешно време е помалку познато, сепак, во дамнешно време бил познат лек кој го користел обичниот народ.
Еве ги сите здравствени бенефити од ова магично семе, научете како на најдобар начин да го искористите.
БОГАТО Е СО РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА
Во една супена лажица семе од босилек се содржат 25% од дневните потреби за влакна.
Благодарение на тоа, ова семе е одлична замена на чиа семето и другите слични семиња кои се користат за решавање на тегобите со гастроинтестиналниот тракт.
Доколку п атите од запек и нередовна столица, ова семе ќе го реши вашиот проблем. Со негова конcумација вие ќе се чувствувате сито, без да се трупате со куп калории, па истовремено може да им помогне и на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот калории.
ГО РЕГУЛИРА ШЕЌЕРОТ ВО КPВТА
Според неколку истражувања, семето од босилек може да помогне во регулирањето на нивото на шеќерот во кpвта. Во истражувањето учесниците кон.сумирале натопено семе од босилек во чаша вода.
Резултатите биле: намалување на шеќерот во кpвта за 20% во однос на резултатите измерени претходно.
ДОБАР ИЗВОР НА КАЛЦИУМ И МАГНЕЗИУМ
Семето од босилек е одличен извор на калциум, магнезиум и железо. Калциумот и магнезиумот се особено важни за здравјето на коските и мускулите, а железото – за црвените кpвни зрнца и транспорт на кислородот до сите ткива во организмот.
Семето од босилек особено им се препорачува на вегетаријанците кои во својата исхрана не внесуваат доволно од овие минерали.
РАСТИТЕЛЕН ИЗВОР НА ОМЕГА – 3
Само околу 1 супена лажица семе од босилек дневно се доволни за да се снабди телото со потребната количина од Омега-3 масни киселини.
Во семето на босилекот се содржи алфа-линолеинска киселина, која е еден вид на Омега-3, која му е потребна на телото за да произведе енергија.
КАКО СЕ ПРИГОТВУВА СЕМЕТО ОД БОСИЛЕК?
Користете органско семе од босилек кои сте го собрале од вашата градина или купено од проверен производител.
Добро распрашајте се пред да го купите семето, зошто честопати се случува да е третирано со пестициди. Не го користете она семе кое е наменето за сеење, бидејќи најчесто е третирано со хемикалии.
Ако претходно сте користеле чиа семе, тогаш ќе знаете како да го приготвите и семето од босилек. Многу се слични по структура и изглед.
ПОСТАПКА: Натопете една супена лажица во чаша вода. Оставете вака да кисне околу 15-тина минути, додека да набубри и да се создаде желатинозна супстанција.
Секое зрно ќе нарасне до трипати и надворешноста ќе стане транспарентно сива со црно јадро во средината.
Потоа, како да се искористи вака приготвеното семе? Во смути, свежо цедени сокови, топли и ладни крем супи, кисело млеко или јогурт, во кефир, млечни шејкови, овесни каши, леб и други печива, палачинки
Можете да приготвувате и пудинг од семе од босилек или освежителен десерт, доколку го закиснете семето од претходниот ден, а потоа го измиксате заедно со некое смрзнато овошје, по вкус.
СОВЕТ: Бидејќи семето од босилек изобилува со растителни влакна, воведувајте го постепено за да не предизвика подување на стомакот, пишува НМД.мк