Домашно слатко од аронија – РЕЦЕПТ. Еве што ви е потребно за да направите врвен деликатес со оваа исклучителна бобинка:

Потребни состојки:

500 г бобинки од аронија
1 кг шеќер
2 чаши вода
1 ванилин шеќер

Постапка:

Аронијата добро исперете ја. Во подлабоко и широко тенџере ставете шеќер и додајте 2 чаши вода.

Мешавината од шеќер и вода ставете ја на силен оган да зоврие. Штом зоврие и се добие сируп, полека додајте ги бобинките од аронија.

Не треба да се меша, туку само добро да се растресе тенџерето. Оставете на силен оган да се готви.

Со лажица треба да се трга пената. Оставете уште 15 минути да се вари. На крајот додате ванилин шеќер.

Тргнете го тенџерето од оган, за да се излади слаткото. Задолжително со влажна крпа или ткаенина покријте го слаткото додека се лади.

Кога ќе биде млако, складирајте го во стаклени стерилизирани тегли.
Чувајте на темно и ладно место.

Видео: