Доволно е еднаш да ги приготвите според овој рецепт, а потоа редовно ќе ги приготвувате овие крцкави млади компирчиња.Истиот рецепт можете да го примените и кај стар компир, но тој претходно треба да го исечете на помали парчиња или на коцки.
Рецептот е на познатата готвачка Верица Николиќ која секојпат пријатно ги изненадува своите следбеници со нови, интересни и многу практични рецепти.
Како и секогаш, нејзините рецепти се точни, прецизни и убаво објаснети. Пробајте го и вие нејзиниот најнов рецепт за приготвување на крцкав млад компир.
Потребни состојки: млади компири (количина по желба) и малку масло. Од зачини ќе ви бидат потребни: 1 лажичка слатка зачинска пиперка, 1 лажичка сол, 1 лажичка ким во прав, 1/2 лажичка куркума, 1 лажичка лук во прав, 1 лажица црн пипер во прав, 1 лажичка сув рузмарин, 1 лажичка коријандер во прав, 1/2 лажичка чили во прав.
Постапка: младите компирчиња исчистете ги и ставете ги во длабок сад, прелијте ги со ладна вода и ставете да се варат. Од моментот кога ќе зоврие водата, варете ги точно пет минути, па извадете ги со решеткаста лажица.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Сите наведени зачини ставете ги во еден сад и добро измешајте ги, рамномерно да се распоредат. Кој не сака луто, нека го изостави чилито во прав.
Земете соодвете сад кој ќе ви одговара според количината на компирите и истурете малку масло колку да се прекрие дното. Потоа во една (подлабока) чинија исто така ставете малку масло.
Потоа секој компир намастувајте го во маслото од сите страни да се обложи, па редете го во плехот или огноотпорниот сад во кој ќе се пече. Постапката повторете ја со сите компирчиња и наредете ги едно до друго во садот.
Секое компирче одозгора убаво наросете го со мешавината од зачини (ова ќе го повторите уште еднаш, а остатокот сочувајте го во стаклена тегличка за другпат кога ќе правите, а може да го користите и за други јадења).
Ставете ги компирчињата да се печат во загреаната рерна. Кога ќе зарумени коричката, извадете го садот, превртете го секој компир и наросете го со мешавината од зачини, па вратете во рерна да се допече и од другата страна.
Фотографии и рецепт на Верица Николиќ, погледнете ја галеријата со фотографии::