Оваа погача не можам да ви опишам колку е вкусна, колку е мека и како се разлистува. малку потсетува на празен бурек. Рецептот се состои од само неколку состојки. Се прави тесто кое се дели на два дела.

Потоа се развлекуваат две кори кои се премачкуваат со путер и се диплат една во друга за да се добие еден вид лиснато тесто. Одозгора се премачкува со жолчка (не е посна), но затоа добива предобар вкус, мора да ја пробате. Рецепт на Небојша Иваниќ Шоне

Потребни состојки: околу 400 г брашно, една шолја млеко (250 мл), една чајна лажичка сол, околу 100 г растопен путер за премачкување на тестото, 1 жолчка

Постапка: замесете тесто од млеко и брашно. Тестото е потребно да се меси 8 минути. Потоа оставете го 15 минути тестото да одмори, па поделете го на два еднакви делови. направете топчиња од двете теста.

Повторно покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути. Првото парче тесто развлечете го со помош на оклагија во тенка кора, па одозгора премачкјате ја преку цела површина со растопен путер.

Кората здиплете ја како писмо и ставете ја на страна (на крај да добиете правоаголна форма). Повторете ја истата постапка и со второто тесто: развлечете го во тенка кора и премачкајте ја кората преку цела површина со растопениот путер.

Во средината на оваа втора кора ставете го „писмото“, односно спакуваната прва кора, па потоа заедно спакувајте ги и преклопете во вид на писмо. заедно, полека и внимателно со помош на оклагијата, развлечете со големина на правоаголен плех, во кој ќе се пече погачата.

Плехот или тепсијата исто така треба да биде претходно намастена. Погачата премачкјате ја со разматена жолчка и со о стар нож засечете ја попречно. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Уживајте во вкусот! Погачата е многу вкусна топла, но и ладна. Може да ја послужите со сирење и кисело млеко или чаша јогурт. Рецептот не содржи сирење, но следен пат ќе испробаме, при премачкувањето на корите да додадеме и крем или свежо сирење.

Рецепт и фотографија на Небојша Иваниќ Шоне. Рецептот на Небојша го испроба Сања Миличевиќ-Бајиќ и беше воодушевена од резултатот. Погледнете ја галеријата со фотографии:

Рецепт и фотографија на Небојша Иваниќ Шоне / лисната погача без квасец
Сања Миличевиќ-Бајиќ / лисната погача без квасец
Сања Миличевиќ-Бајиќ / лисната погача без квасец