Овој колач не содржи брашно од житарици, па можат да го јадат и оние кои се чувствителни на глутен, а шеќерот го замените со некој засладувач како еритритол или ксилитол во соодветна количина (овој на фотографијата е направен со еритритол во прав).
На тој начин, овој колач ќе можете да го понудите и на лица кои водат сметка за внесот на јаглени хидрати и посебно на оние кои не смеат да внесуваат шеќер. Колачот е толку мек и вкусен, сигурна сум дека ќе ви се допадне.
Рецептот е од YT а називот е мој, затоа што токму му одговара, бидејчи е воздушест и мек како слатко облаче. Се приготвува многу брзо и едноставно – Татјана Чукиќ
Потребни состојки: 4 јајца, 70 г шеќер, 350 г грчки јогурт (9,7% млечни масти), 50 г густин, 1 лажица лимонов сок, рендана кора од еден лимон.
Постапка: одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Изматете цврст снег од белките, а пред крајот од матењето додајте една лажица лимонов сок и доматете. Во посебен сад измешајте ги жолчките со шеќерот.
Матете ги неколку минути додека шеќерот да се растопи, а смесата да згусне и осветли. Во изматените жолчки додајте го јогуртот, потоа густинот и на крај ситно рендана кора од лимон. Убаво изматете.
На крај додајте го снегот од белки, но веќе не матите со миксер, туку со лажица. Полека промешајте со лажицата додека да се изедначи смесата, а не пречи и ако некаде остане неизматен снег од белки.
Малку подлабок калап со пречник од 20 см обложете го со хартија за печење, излејте ја смесете, распоредете рамномерно и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу 40 минути.
Колачот во текот на печењето многу ќе порасне, но ќе спласне кога ќе се олади (то е нормално и не треба да ве загрижува, нешто како „јоркширски пудинг – леб“). Испечениот колач оставете го да се олади во калапот, па извадете го и наросете го со шеќер во прав.
Многу убаво одговара ако го послужите со крем од ванила/ пудинг од ванила, овошен сладолед или сварено шумско овошје или овошје по ваша желба, а може и смрзнато.
Ставете го овошјето со малку шеќер на оган и оставете да зоврие, а потоа врел прелијте го врз колачот. Може да се послужи и без овошен сируп/овошје / рецепт и фотографија на Татјана Чукиќ