Посебна билка која ги лекува речиси сите женски болести. Ајдучката трева или како што народот уште ја нарекува – столисник, е природен лек за многу болести.
Ајдучката трева особено се смета за женско растение затоа што ги лекува речиси сите женски проблеми, и од тие причини кај луѓето може да се сретне изреката „голем број од проблемите жените не би ги имале доколку навремено посегнале по столисникот“.
Ајдучката трева расте на речиси секоја ливада и лесно можете да ја препознаете. Во себе не содржи никакви опаcни состојки, не создава завиcност и може да се користи секој ден. Има ароматичен и многу пријатен мирис, а стеблото може да нарасне и до 30-80 см.
Цвета од почетокот на јуни до доцна есен, додека да се појават првите мразови. Лековити делови на растението се листовите и расцветаните цветни главици, со тоа што столисникот се користи и за правење масло, а за таа цел се користат ливчињата заедно со гранчињата каде сè уште не расцветале цветовите.
ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА
Чајот од ајдучка трева се приготвуваат за лекување на јајници, за слабеење и за разни тегоби со желудникот. За подготвка се користи сува билка, надземниот дел. Една лажица сува билка се прелива со 2 литри врела вода.
Се остава поклопено да отстои 15 минути до половина час, по што се процедува. најдобро е да се пие трипати дневно пред оброк, а најголем ефект има кога се пие на гладен стомак.
АЈДУЧКА ТРЕВА КАКО ЛЕК
Ајдучката трева се користи како природен лек за бел секpет што често се јавува кај жените, како и за воспаление на јајници.
РЕЦЕПТ: Земете 40 г лист и цвет од ајдучка трева, 40 г камилоица, 10 г жалфија и 10 г лист од коприва. Потоа, 4 големи лажици од оваа мешавина се преливаат со 1 литар зовриена вода.
Се остава поклопено да отстои најмалку 10 минути, а потоа се процедува низ чиста ленена крпа или газа. кога ќе се олади до температура на телото, со овој чај жената се испира внатрешно со иригатор или шпpиц.
Специјален чај за третман на женски болести:
РЕЦЕПТ: Се прави мешавина од 25 г цвет и лист од ајдучка трева, 25 г ива трева, 25 г подабиче, 25 г камилица, 25 г жалфија, 25 г див мајоран и 25 г бела коприва.
Од мешавината се земаат 3 големи лажици и се преливаат со 1 литар зовриена вода. Се остава поклопено да отстои преку цела ноќ, а потоа се процедува и се пие во текот на целиот ден наместо вода.
АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ВНАТРЕШНО КPВАВЕЊЕ
Делува против искашлување на кpв и против хемороиди. Се прави екстракт од 10-30 г столисник и се пие десет дена, трипати дневно.
АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ЖОЛЧНИ КАМЕЊА
Земете 25 г лист и цвет од ајдучка трева, 25 г росопас, 25 г смиљ, 25 г анасон, 25 г нане и 25 г плод од сена. Една голема лажица од оваа мешавина се прелива со 200 мл зовриена вода, се поклопува и после 2-3 часа се процедува. Се пие трипати дневно после јадење.
Уште еден ефикасен начин за лекување на камен во жолчка е мешавина од ајдучка трева и канатарионово масло. Како што е познато, канатрионовото масло е исто така, еден од најдобрите природни лекови.
Ајдучката трева е исто така, погодна и за следните болести: paк на матката (нема ограничен доза, пиете чај колку што можете, наместо вода); воспаление на јајници, бел ваги-нален cекрет, често мокрење, миоми, симптоми од менопауза, изостанок на месечен циклус, вртоглавица, мачнина, мигрена.
Сите наведени билки од рецептите можете да ги набавите од билна аптека. НАПОМЕНА: Погореопишаните рецепти се дел од народната медицина. Не треба да ги применувате без претходна консултација со вашиот лекар.