Брзи колачи кои се подготвуваат за неколку минути. Секогаш ги правам за ненајавените гости, а многу се вкусни и сочни. Имам многу рецепти од нив, но ги издвојувам овие 4 како најдобри. Подготовката е едноставна, а излегуваат многу и одлично се комбинираат со кафе.
I Рецепт: Чоколадни мафини со кокос
Потребни состојки за основата: 275 г брашно, 2 лажички прашок за печиво, 1/2 лажичка сода бикарбона, 4 лажици какао, 1 јајце, 130 г кафеав шеќер, 80 г растопен путер, 300 мл течен јогурт.
За фил: 100 г младо сирење или крем сирење, 100 г кокос, 2 лажици шеќер во прав, 1 ќесичка ванилин шеќер. За прелив: 100 г чоколадо за готвење, 2 лажици млеко, 80 г путер, малку кокос, трошки од чоколадо.
Подготовка: Измешајте го брашното со прашокот за печиво. Потоа измешајте ја сода бикарбоната и какаото заедно и додајте ги во брашното и лесно измешајте. Во друг сад, измешајте го јајцето, кафеавиот шеќер, путерот и течниот јогурт. Прелијте ја смесата од брашно во садот и соединете ги сите состојки.
За филот: Измешајте ги сирењето, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кокосовото брашно. Ставете хартиени корпи во калапи за мафини, наполнете ги до половина со темнион крем кој претходно го подготвивте, а на средина ставете од белата смеса во секој мафин.
Потоа, покријте ги мафините со остатокот од темниот крем. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги мафините 25 минути. Извадете ги од калапот и оставете да се изладат. Сега направете глазура од чоколадо, путер и млеко.
Во друг сад измешајте го кокосот со чоколадните трошки. Врвовите на изладените мафини натопете ги во глазура, а потоа наросете ги со трошки од кокос и чоколадо.
II Рецепт: Неодоливо вкусни колачиња со лешник
Потребни состојки за основата: 100 г шеќер во прав, 100 г путер (или маргарин, или мешано), 120 г чоколадо за готвење, 100 г од вашето омилено чоколадо, печени лешници. За декорација: 50 г шлаг, боја за шлаг (по избор), шарени трошки (мрвици),околу 40 хартиени корпи.
Подготовка: Во тенџере на ригла стопете го маргаринот, чоколадото и шеќерот во прав. Пополнете ги корпите до половина, ставете ги лешниците, па пополнете ги корпите нешто помалце до крајот.
Оставете малку да се излади и потоа украсете. Цврсто изматете го шлагот. Ако сакате вашите колачи да бидат шарени, земете боја за шлаг и измешајте ги заедно. На крајот украсете со шлагот и чоколадните трошки.
III Рецепт: Посен колач со чоколадо и портокал
Потребни состојки за основата: 350 мл свежо исцеден сок од портокал, 4 лажици домашен џем од шипинка или кој било друг џем, 120 г шеќер, 2 ќесички ванилин шеќер, рендана кора од 2 портокали, 180 г печени мелени ореви, 100 г брашно, 2 лажици какао, 1 ќесичка прашок за печиво, 100 мл масло.
За фил: 100 г посно чоколадо, 2-3 лажици домашен џем од шипинка (или кој било друг џем), 120 г посни мелени бисквити, 1 ќесичка ванилин шеќер, 150 мл свежо исцеден сок од портокал.
Подготовка: Измијте ги портокалите и изрендајте кора од два портокали, а потоа исцедете вкупно 500 милилитри сок (потребни се приближно 4 средно сочни портокали). Ставете ги оревите во тава и печете ги на средна температура околу 10 минути, внимавајќи да не ги изгорите. Пренесете ги печените ореви на крпа, а откако ќе се изладат сомелете околу 180 г.
Претурете го свежо цедениот сок од портокал во сад, додајте џем од шипинка (средна густина), шеќерот и ванилиниот шеќер, кората од портокал, мелените ореви и просејуваните состојки во прав. Измешајте сè добро и соединете ги состојките.
На крај, додајте го маслото со постојано мешање. Прелијте ја смесата во плех за печење (30 × 20 цм) обложен со хартија за печење и печете на 160 степени околу 25-30 минути. Извадете ја испепечената основа и оставете ја да се излади. Кога ќе се излади, премачкајте во тенок слој со џем од шипинка и измазнете.
За филот (полнење): Растопете чоколадо измешано со џем на тивок оган. Во посебен сад добро измешајте мелени бисквити, сок од портокал и ванилин шеќер, а потоа додајте ја претходната смеса и сè измешајте заедно. Нанесете го филот врз бисквитот и наросете со преостанатите сечкани печени ореви. Исечете ја тортата на коцки по желба. Може да се сервира топла или ладна.
IV Рецепт: Сочна и неодолива пита со чоколадо
Потребни состојки за тестото: 160 г путер, 45 г шеќер во прав, 1 жолчка од јајце, 180 г пченично брашно, 1 лажица павлака. За филот: 320 г темно чоколадо, 150 мл млеко, 250 мл слатка павлака, 50 г мед, 2 јајца.
Подготовка: Измешајте го путерот со шеќерот и мешајте додека да се растопи шеќерот. Додајте ги жолчките и добро промешајте. Потоа додајте половина од количината брашно и месете додека смесата да стане ронлива, а потоа додајте го остатокот од брашното и павлаката и мешајте додека тестото да се собере.
Формирајте го тестото како диск, завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер најмалку 2 часа. По одминатото време, наросете брашно на работната површина и развлечете го тестото со дебелина од околу 3 мм (тестото треба да биде што е можно потенко).
Премачкајте еден калап за пита, по можност со отстранливо дно, со дијаметар од 24-26 цм и ставете го во замрзнувач 30 минути (ова ќе спречи намалување на тестото за време на печењето).
Загрејте ја рерната на 180 ° С. Извадете го подготвениот калап од фрижидерот, ставете го на лист обложен со масна хартија и печете, без полнење, 15-25 минути (во зависност од големината) додека да добие убава златна боја. Повремено проверувајте го тестото за време на печењето со чепкалка. По печењето, оставете да се излади.
Подготовка на филот: Исечкајте го чоколадото и ставете го во сад на пареа да се растопи. Додајте го млекото и павлаката на оган. Постојано мешајте додека да се стопи целото чоколадо и смесата се изедначи. Во друг сад изматете ги јајцата и подготвената смеса од стопено чоколадо додајте ја во нив.
Истурете ја смесата во печеното тесто и печете на 130 ° С. Печете околу 35-40 минути, додека филот да се згусне, но сепак да остане мек на средина. Кога колачот ќе се излади, филот прелијте го врз колачот и оставете да се излади. Потоа послужете и уживајте во вкусот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска