Здравјето на црниот дроб може да се зачува само ако придржувате на здрав начин на живот и исхрана. Нездравите навики и промените во исхраната може постепено да го ош-тетат вашиот црн дроб.

Малкумина луѓе знаат дека ош.тетувањето на црниот дроб исто така, може да биде резултат на неправилна исхрана. Ош.тетувањето на црниот дроб не се случува само поради ал-кохол, туку и поради лошата исхрана. Значи, за да имате здрав црн дроб, треба да имате здрава исхрана, која вклучува здрави и еколошки чисти намирници.

Детоксикациските намирници како што се лук, кромид, брокула, интегрални житарици, бобинки, јогурт и зелен чај се намирници кои се препорачуваат за здравје на црниот дроб. Следете ги овие едноставни совети за да го одржите вашиот црн дроб здрав и витален, во најдобра функција.

ХРАНА ЗА ЗДРАВЈЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Намирници богати со сулфур

Црниот дроб произведува ензими од кои имаат корист сите органи. Јадете храна богата со сулфур како што се: прокељ, зелка и брокула за највисоко можно производство на здрави црнодробни ензими.

Лецитин

Јадењето храна богата со лецитин ќе ви помогне да имате здрав црн дроб. Морска храна, зелен зеленчук, мешунки и млечни производи се намирници кои се богати со лецитин. Јадете ги за да го зголемите производството на фосфатидил холин. Фосфатидил холин помага во градењето на мембраните на клетките на црниот дроб, создавајќи поздрав црн дроб.

Маслиново масло за црниот дроб

Бидејќи црниот дроб работи постојано, треба периодично да се чисти, а тоа можеме да го сториме со помош на маслиново масло и сок од лимон. Потребни ви се 50 мл органско, екстра девствено маслиново масло (ладно цедено) и 50 мл органски сок од лимон. Сите состојки мора да бидат на собна температура. Измешајте добро и испијте ја мешавината веднаш, непосредно пред спиење.

За здравјето на црниот дроб, следете го овој совет: Кога готвите со маслиново масло, секогаш ставајте го пламенот на среден оган / умерена температура. Ова спречува формирање на слободни радикали во телото кои предизвикуваат оштетување на клетките.

Органска храна

Секогаш јадете органска храна. Има помалку пестициди и природна е. Хемикалиите и пестицидите тешко се излегуваат од телото и имаат тенденција да се таложат во ткивата.

Витамини

Вашата здрава исхрана мора да вклучува храна богата со витамини и минерали. Значи, намирници како што се: моркови, брокула, бадеми, компири, итн., мора да ги имате во вашата исхрана.

Внимавајте на јаглехидратите

Прекумерната кон-сумација на јаглени хидрати може да предизвика масни наслаги во црниот дроб. За да избегнете дисфункција на црниот дроб, намалете го внесот на храна богата со сол и јаглехидрати.

Избегнувајте кофеин

Следете го овој здравствен совет ако сакате да имате здрав црн дроб. Наместо 3-4 чаши чај (богат со кофеин) или кафе, пијте 8-10 чаши вода. На тој начин ќе ги исфрлите ток-сините од телото и ќе го исчистите системот.

Антиоксиданси

Антиоксидансите ги запираат слободните радикали и ги прочистуваат оштетените клетки. Зелка, моркови, карфиол, сончоглед, кељ, прокељ и артичоки се намирници богати со антиоксиданти.

Ослободете се од ст.ресот

Ст-ресот е една од најлошите причини за многу здравствени проблеми, вклучувајќи дисфункција или оштетување на црниот дроб. Ослободете се од ст-ресот затоа што му штети на дигестивниот систем.

Вежбање

За здраво тело, треба да го следите овој совет. Вежбањето секој ден ги отвора порите, ја зголемува циркулацијата на кр-вта, ги согорува масните наслаги и го релаксира умот. Вежбањето исто така ги исфрла слободните радикали од телото преку потните жлезди. Пливањето и брзото одење се ефикасни вежби за здрав црн дроб.

ЧАЕВИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЦРН ДРОБ

Зелен чај за замастен црн дроб

Присуството на катехини, кои се совршени филтри за маснотиите во црниот дроб, чија работа не е нарушена од дејството на ал-кохолот, го прават зелениот чај одличен лек за овој вид на болест. Исто така, спречува понатамошно таложење на липиди, подобрувајќи ја самата функција на црниот дроб. Тој е одличен детоксификатор и идеално средство за губење на вишокот к илограми.

Чај од лист од глуварче

Прелијте лажица сув лист од глуварче со 200 мл врела вода и оставете поклопено да отстои околу 5 минути. Процедете го чајот, засладете го со мед и пијте го трипати на ден.

Чај од пелин

Додајте лажичка пелин на 200 мл врела вода. Оставете го настрана поклопено околу десет минути за да отстои чајот. Пијте по една чаша чај на ден во следните две до три недели.

Лимон за замастен црн дроб

Богатството на витамин Ц со кое може да се пофали овошјето како што е лимонот, е совршена количина на антиоксиданти кои го поддржуваат производството на корисни ензими во црниот дроб. Овие ензими играат исклучително важна улога во ели.минирање на несаканите елементи и соединенија во црниот дроб и активно го деток.сифицираат организмот.

Исто така, лимонот успешно го ели.минира изворот на воспаление на црниот дроб. Овој агрум со жолта боја и кисел вкус е веќе популарен поради голем број здравствени проблеми кои можат многу брзо да се решат.

pixabay.com

Сок од лимон – половина лимон исцедете го, а сокот разредете го со одредена количина на вода. Пијте два-трипати на ден во следните неколку недели. Додајте кршен мраз или листови од свежо нане по желба.

pixabay.com