Рецепт: Стефка Шиндаковска
Потребни состојки:
3 јајца
1 домат
1 пиперка
1 рака маслинки
Сол, црн пипер, свеж босилек
Постапка:
1.Загрејте на оган намастена тава со масло или путер.
2.Исечкајте ја пиперката, ставете ја малку да се издинста, па истото направете го и со доматот.
3.Додадете ги добро изматените јајца.
4.Печете 3 минути.
5.Зачинете со со сол, црн пипер, маслинки.
6.Внимателно превртете и печете на двете страни.
7.Пред послужување украсете со маслинки и босилек.