Медот е познат во народната медицина со векови, а благодарение на неговиот состав, тој отсекогаш се сметал за света храна и едно од најважните природни лекови. Контејнери со мед што се стари над 3.000 години се пронајдени во гробот на Тутанкамон, така што медот се користел и за мумификација.
Грците и Римјаните го користеле за време на војните за зајакнување на телото и заздравување на ра-ните. Сепак, долго време во историјата, го користеле само оние од богатите слоеви на општеството, бидејќи бил скап производ.
Речиси на сите им е познат случајот со Босанката која успеала да се излекува од ракот со помош на смеса од мед и ѓумбир, а рецептот што таа одамна го објави со надеж дека ќе му помогне и на некој друг, исто така е општо познат, а многумина започнаа да го користат и како превентива, за подобрување на општото здравје.
Рецептот е следниот:
Два поголеми корења ѓумбир се сечкаат ситно. Потоа, сечканиот ѓумбир се меша со половина килограм мед. Во рецептот се споменува дека медот мора да биде домашен и дека треба да го купите од проверени извори, односно од познат производител/доверлив пчелар.
Вака подготвениот мед се чува во тегла и се кон.сумира 3-4 пати на ден по една супена лажица. Важно е да користите дрвена или пластична лажица, а не метална. Првите ефекти се забележуваат по 4 дена, а она што е особено напоменато кога станува збор за третирање на рак, е да останете позитивни и да не се откажувате.
II Рецепт: Народен лек кој уни-штува бактериите и вирусите, ја подобрува циркулацијата и смирува – рецепт за медовинка
Лековитоста на медовинката потекнува токму од медот и прополисот, од кои се приготвува овој одличен ликер. Медовинката била многу високо ценета низ цела историја токму поради своето лековито дејство и била древниот пијалак на старите Словени и важи за едно од најстарите пијалаци.
За Словените медот бил основна намирница, најдобра храна и пијалак. Лековитоста на медовинката потекнува токму од медот и прополисот од кои се приготвува овој одличен ликер.
Поволно влијае врз циркулацијата, против бактерии и вируси и го подобрува апетитот и варењето, па претставува идеален аперитив. Во споредба со другите ал-кохолни пијалаци, медовинката делува зачудувачки бидејќи е многу лековита.
Медовинката дава сила, радост и смирение без да ве зашемети. После кон-сумирањето нема да имате главоболки, слабост, мачнина. Напротив, медовинката испиена со мерка дава сила и здравје.
Потребни состојки: 500 г мед, 800 мл лозова ракија 38-42%, 100 мл дестилирана вода, 100 мл суво бело вино 1 лимонова кора, 1 прстофат коријандер.
Постапка: Медот се става во поголемо тенџере и со мешање се загрева на умерена температура колку да стане течен (не смее на повисока температура за да не се изгубат лековитите својства). Се трга на страна. Ако медот е доволно течен, тогаш се додаваат лозовата, дестилираната вода, белото вино, рендана кора и издробен коријандер со постојано мешање.
Вака приготвената смеса се складира во шишиња кои добро се затвораат. После 2 месеци смесата се филтрира, а ракијата се складира во чисти шишиња. Колку подолго стои, толку е полековита.
III Рецепт: Најмоќниот лек од природната медицина: Овој напиток го топи каменот во бубрег за неколку дена. За само 10 дена исфрлете ги наталожените ток-сини, песокот и каменот од бубрезите.
Истражувањата покажале дека секој 20 човек пати од камен во бубрег. Кога овој камен ќе се придвижи низ уринарниот тракт, тоа може да биде многу болен процес. Меѓутоа, благодарение на само една намирница, каменот во бубрег може да го елиминирате во рок од 10 дена.
Просото во медицината се користи од памтивек, а неговите благотворни дејства врз телото се многубројни. Просото е хранлива и здрава житарица која му одговара на нашето тело.
Што се однесува до каменот во бубрег, просото делува така што ги разградува каменчињата, песокот и талогот во бубрезите. Исто така, успешно ги чисти бубрезите од ток-сини.
Потребни состојки: 200 г просо, 2 литри вода, поголемо тенџере, стаклена тегла.
Постапка: Навечер измијте го просото во топла вода и ставете го така да преноќи, а следниот ден ставете го во некој подлабок сад. Загрејте 2 литри вода до вриење, па прелијте го просото. Поклопете и оставете го така да отстои цел ден.
Навечер процедете ја течноста и складирајте ја во стаклена тегла. Затворете и чувајте во фрижидер. Овој напиток приготвен на овој начин се пие во текот на десет дена, најмалку по една чаша дневно, а најдобро една чаша наутро и една навечер. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска