Д-р Бранимир Несторовиќ веќе долго време е познат на јавноста и важи за силен и храбар човек на кој животот му приредувал падови, но и успони. Тој со децении важи за еден од најпрофесионалните лекари кој излекувал илјадници деца и чии родители му се бескрајно благодарни.
Последната година тој стана омилен кај луѓето поради големата емпатија што тој ја покажа во своите изјави, па поради тоа, многумина развија доверба кај него. Д-р Бранимир Несторовиќ постојано нè потсетува за тоа колку се моќни нашите мисли и како можеме позитивно да влијаеме врз сопствениот живот насочувајќи ги.
Лекарот е убеден дека позитивните мисли раѓаат позитивна личност и влијаат позитивно на здравјето, како и на сè што се случува околу нас. Д-р Несторовиќ вели дека не треба да се размислува негативно затоа што тогаш шансите да се случи нешто лошо се многу поголеми.
Тој лесно ги прифаќа пречките во животот и вели дека чувствуваме вистинска радост само кога целосно учествуваме во животот, кога ги следиме страстите и го следиме ритамот на сопственото срце.
„Ако постојано слушате за болести, смр-тни случаи, хаос, сиромаштија, вашиот мозок се брани со намалување на количината на информации што ги добива. Со текот на времето, емпатијата се губи, престанувате да сочувствувате со другите и сами избирате опстанок.
Тоа е едноставен механизам што се користи во мани.пулацијата со јавното мислење. Додека човечкиот мозок проценува дали нешто му се за.канува, тој избира одбранбен механизам кој е лош затоа што исклучува повеќе сфери на интерес и активности и повеќе интелектуална активност.
Тогаш сте подложни на инфекции, имате слаби когнитивни способности и повеќе не можете да проценувате што е добро, а што лошо. Луѓето сакаат мелодрами. Животот стана реалност, а реалноста стана живот, границата во сето ова е изгубена.
Како лошите вести влијаат на луѓето?
„Секој е условен да преживува и луѓето немаат време да се посветат на убави работи, добри луѓе, книги.. Тие постојано се во џунгла и брзање. Негативните вести имаат најмногу кликови на Интернет, сите ги форсираат и тоа е тажната вистина. Но, секогаш имаме избор да не читаме такви вести.“
Каде води хроничната грижа?
„Тоа е состојба на хроничен с трес што доведува до уни-штување на здравјето. Луѓето со негативни емоции имаат многу здравствени проблеми, а еден од нив е депре.сија. Тие си го уни-штуваат сопственото здравје.
Ефектот од привлекување негативни настани кон негативни мисли е исклучително моќен, исто како и оној поврзан со позитивните мисли. Пациент кој се плаши дека ќе добие сериозна болест и оди постојано на прегледи, на крајот се разболува.
Емоциите влијаат на емоционалниот систем на една личност. Негативните емоции се лоши за нашето здравје и имунолошки систем. Вие немате корист од сопствената негатива, вие само ги потенцирате вашите проблеми.
Како го одржувате имунитетот?
„Пешачам многу, се обидувам да јадам што повеќе овошје и зеленчук и да живеам по принципот на задоволствата. Убавите работи го стимулираат имунитетот и го развиваат мозокот.
Хедонизмот е исто така важен, да уживате во убави мириси, да јадете добра храна, да пиете добри пијалаци, да се опкружувате со добри луѓе, да слушате добра музика. Сето тоа е невропластика и развој на мозокот. Не мора да имате глупави разговори и да не губите време со седење во здодевни простории.“
Зошто секогаш одбирате да гледате романтични филмови?
„Некои луѓе сакаат да гледаат хорор филмови, што е многу лошо според мене. Постојат психолози кои велат дека со нив се ослободувате од фобиите и стравовите. Но, кога ќе погледнете нешто, на пр. кога зградата ќе се сруши, тоа е веќе с трес за организмот, затоа гледањето хорор е с тресно и го ослабува вашиот имунитет.
Сепак, на некои им се допаѓа и велат дека им го крева адреналинот, иако велам дека не е така, но го зголемува нивото на с трес. Вашиот кортизол станува висок, а вашето тело не сака с трес. Оние кои немаат с тресови живеат подолго.
Луѓето дефинитивно работат против себе. Зарем не е подобро да гледате нешто што ќе предизвика позитивни емоции кај вас? „За жал, во холивудските продукции нема повеќе оптимистички филмови, а за нас старите, нема повеќе романтични комедии што отсекогаш сум ги сакал.
Дали се чини дека песимизмот стана начин на живот овде?
Треба да го извлечете максимумот од она што го имате, а не да лелекате. Нашите предци имале значително помалку пари и можности за забава и не биле несреќни. Мајка ми немаше што да облече и јаде, но беше среќна и задоволна.
Кога ја прашав како е за време на вој-ната, очекував да ми каже за кр-вта до колена, но таа ми рече дека 1943 година била најдобрата година во нејзиниот живот. Таа вели дека имала добро друштво со кое одела на танцување во клубот на офицери, а потоа со вагони до Сава, каде се капеле. Приказната е едноставна. Радувајте се на малите нешта“, заклучува д-р Несторовиќ.
Како можеме да влијаеме на нашите емоции и да го создадеме животот што сакаме да го живееме?
„Развијте позитивни квалитети во себе. Смејте се. Постои дури и истражување дека дури и кога се смеете намерно, тоа го зголемува вашиот имунитет. Ако постојано имате насмеано лице, тоа на некој начин ќе ги дефинира и вашите чувства. Намуртеноста го уни-штува имунитетот и менталниот статус.
Ментална хигиена не е да бидете негативни, туку да размислувате позитивно и да се обидувате да извлечете максимум од вашиот живот. Многу зависи од нас како ќе живееме и колку ќе бидеме задоволни.
Кој има очекувања да биде милијардер, ќе се разочара. Неопходно е да ги усогласите очекувањата со реалноста, а потоа да направите многу со себе. Ако имате работа од која не сте задоволни и е слабо платена, можете да работите на себе, да студирате преку Интернет благодарение на бесплатните курсеви, од странски јазици до програмирање.
Но, многумина наместо тоа гледаат серии, спијат, озборуваат. Можете да направите многу за себе и во најголем дел зависиме од нас самите. Нема корист од лелекање. Излегувањето од зоната на удобност е ризично, но тоа е она што ги зајакнува луѓето и го прави нивниот карактер.
Живеењето во свила и кадифе доведува до тоа да станете расипани и бескорисни за што било. Тра-умите нè развиваат, и кога ќе дојдеме до криза, таа ситуација неизбежно нè менува. Ни недостасува оптимизам, не би било лошо да имаме министерство за среќа,“ завршува докторот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска