Младите зелени ореви (Juglandis Immature fructus) содржат голема количина на витамин Ц, јод и многу други витамини, а сируп подготвен со нив и со мед, често им се дава на болежливи, слаби и анемични лица.
Младите ореви измешани со мед позитивно делуваат во случај на анемија и помагаат во чистење на црниот дроб, желудникот и кр-вните садови.
Одлични се и за проблеми со тироидната жлезда, болести на грлото и респираторниот тракт, особено бронхитис, зголемување на имунитетот, помагаат при проблеми предизвикани од менопауза, дебелина и хронични респираторни заболувања.
Потребни состојки: 40 млади зелени ореви во кора, 1 кг квалитетен мед.
Постапка: измијте ги младите ореви, исушете ги, исечете ги на четвртини и ставете ги во тегла, па прелијте ги со медот. Најдобро е да користите ракавици при берењето и сечењето, бидејќи кожата од прстите ќе ви бидат црни. Добро затворете ја теглата и оставете ја да стои на сонце еден месец. Повремено протресете.
Кога оревите ќе се ставаат во тегла, постепено тие го ослободуваат својот лековит сок во медот, медот се разредува и добива темна боја. По изминатиот период извадете ги оревите, а добиениот сируп сладирајте го. Чувајте го на ладно и темно место. Употреба: земајте по една лажичка на ден, по можност наутро на празен стомак.
ЛИКЕР ОД ОРЕВИ – мевлем за желудникот и штитната жлезда
Ликерот од ореви, уште познат и како оревовка, во народната медицина веќе со години се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми.
Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.
И денес за многумина претставува „прва помош” за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на кр-вта. Се приготвува овој период од млади, сè уште зелени оревчиња. Недозреаните плодови од орев со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод.
Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6.
Оревовката е само еден од напитоците кои можат да се направат од оваа лековита билка. Освен плодовите, за приготвување на разни чаеви и сирупи, се користат и листовите, а доколку сакате да го приготвите највкусниот колач, пригответе го токму од мелени ореви.
Ликерот е најдобро да се пие кога е разладен на температура од 0 до 5 степени. Може да се консумира пред и после оброк, а одличен вкус дава и кога се меша со безалкохолни напитоци.
Оревовката (кај народот често се користи и називот „Оревовача”) е подеднакво делотворна и за ублажување на дигестивни тегоби како дијареа, опстипација, ждригавица, подуен стомак, па се до гр-чеви и желудочни инфекции.
Ова е најпознатиот, изворен народен рецепт кој можете да го надополните со состојки по ваша желба (ванила, портокал…).
Потребни состојки: 40 млади зелени оревчиња, 800 г интегрален шеќер, 4 каранфилчиња, 1 лимон исечкан на тркалца, 1 литар домашна ракија
Постапка: оревчињата измијте ги, засечете ги (носете ракавици), а ако се поголемки, пресечете ги на половина. Лимонот измијте го, па и него исечете го на парчиња. Додајте шеќер (или мед), каранфилчињата и домашната ракија.
Добро промешајте за да се раствори шеќерот и затворете ја стаклената тегла. Оставете ја 40 дена на сонце со секојдневно протресување. Не треба да ја отворате. После 40 дена ликерот процедете го низ газа и прелијте го во шише. Се чува на темно и ладно место.
Се пие по една ракиена чашка на ден, најдобро наутро, на гладно (да ја одбегнуваат само луѓе со претерана работа на штитната жлезда – хипертироидеа). За проблеми со желудникот може да се пие по една ракиена чашка наутро и една навечер.