Home Здравје Го обожувате сладоледот на точење? Кога ќе видите што сè ставаат во...

Го обожувате сладоледот на точење? Кога ќе видите што сè ставаат во него, ќе ви се одјаде

Сладоледот е омилен десерт во текот на жешките летни денови.
Сепак, експертите велат дека во овој деликатес, има нешто што не е толку убаво. Истражувачите провериле што се има во сладоледот, особено оној на точење, и покрај вообичаените состојки како што се млеко, обезмастено млеко, сурутка и шеќер, тие нашле нешто што не е толку убаво.

Сладоледот е мешавина од масти, безмасни млечни цврсти делови, шеќер и емулгатори, кои со помош на воздух се шират во пена во водено-маслена емулзија.

Емулгатори, како што се полисорбат 80 се додаваат да се измени сладоледот за време на замрзнување. Значи сладоледот добива мазна текстура и не се топи брзо по сервирањето.

Моно и диглицериди (Е471) најчесто се користат за сладолед, а тука се и лецитин Е 322 и натриум фосфат. Истите принципи се користат за милкшејк и замрзнат јогурт. Сево ова се наоѓа во сладоледот од едноставна причина подолго да трае , па затоа најбезбедно е да си направите домашен, дома.