Компотот е многу драг напиток во текот на студениот период, бидејќи загрева, закрепнува и има одличен овошен вкус кој потсетува на летото. Секако, компотот е добар да се пие и преку целата година. Меѓутоа компотот е одличен и за здравјето, бидејќи со неговите својства овозможува регенерација и одржување на младешкиот изглед.
Компотот кој е приготвен од суво овошје е особено здрав, бидејќи компонентите кои ги содржи го збогатуваат напитокот со посебни супстанции. Ајде да дознаеме за што конкретно е добар овој напиток.
НЕКОЛКУ ИНТЕРЕСНИ СОВЕТИ
Против замор и ст-рес
Сувите јаболка и круши кога ќе се сварат како компот, напитокот го збогатуваат со витамини А, Ц, ПП, Б1, Б2 и фруктоза, кои му даваат енергија на телото и ја подобруваат функцијата на мозокот. Затоа, консумирањето компот ќе помогне во намалување на ст-ресот и ќе го опушти и релаксира телото.
КОМПОТ ОД ЈАБОЛКА
Потребни состојки: 500 г јаболка, 500 мл вода, 40 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1/2 лимон, 1 стапче цимет
Постапка: Јаболката измијте ги, излупете ги и исечете ги на плочки. Извадете им ги семките и парчињата јаболка ставете ги во зовриена вода. Додајте шеќер, ванила, лимон исечен на тркалца, стапче цимет и варете 10-15 минути. Компотот од јаболка се послужува разкаден. / Сооlinarika.com
Подобра функција на дебелото црево
Сорбитолот и пектинот се состојки содржани во сувото овошје и ефикасно делуваат врз процесот на варење и придонесуваат за постепено намалување на телесната тежина. Плус, сливите се богати со витамини Ц, А, ПП, Ц, железо, магнезиум, цинк, јод, кои придонесуваат за правилно функционирање на цревата и гастроинтестиналниот тракт.
Компотот од сливи ги отстранува ток-сините од телото и го намалува холестеролот. Сливите исто така, се добар извор на јод. Пет суви сливи обезбедуваат 13 mcg јод, или околу 9% од дневните потреби.
ЛАДЕН КОМПОТ ОД СУВИ СЛИВИ, ПОРТОКАЛ И СУВО ГРОЗЈЕ. Со оглед дека не се вари во овој рецепт, сите можни витамини и минерали се сочуваат.
Потребни состојки: 1 портокал, 6-7 суви сливи, 5 лажици суво грозје, 2 лажици лимонов сок, 1 полна лажица мед, неколку зрна анис или каранфилче.
Постапка: Сувите сливи и сувото грозје измијте ги, а портокалот излупете го и исечете го на парчиња. Овошјето ставете го во стаклена тегла. Додајте анис или каранфилчиња и залијте со вода во која претходно сте раствориле една лажица мед. Затворете ја теглата со капак.
Малку протресете ја теглата и оставете ја во фрижидер да отстои најмалку 3 дена. После 3-5 дена компотот ќе биде созреан и ќе можете да го послужите. Вкусот е предобар, а за тоа колку е здрав, сами уверете се…
За крв, срце и коски
Сувото грозје содржи многу важни минерали и витамини кои го прават многу ефикасно овошје кое придонесува за правилно функционирање на повеќето системи во организмот, а исто така е превентивна алатка за остеопороза. Ова суво овошје може да ги зајакне кардиоваскуларните, нервните и респираторните системи.
Компотот од суви кајсии е богат со калиум и магнезиум, така што овој компот е особено корисен за луѓето кои стра-даат од анемија и хипертензија.
КОМПОТ ОД ГРОЗЈЕ
Потребни состојки: асталско грозје (бело, црно), вода, шеќер, неколку каранфилчиња, по желба стапче цимет и сосем малку рум за крај
Постапка: Количината на грозјето и шечерот не е наведена, бидејќи тие зависат од тоа колку грозје сакате да правите и колку тегли имате намера да приготвите. Во основа, на еден литар вода се става 500 г шеќер, но подолу во текстот ќе прочитате како тоа се прави.
Одвојте ги бобинките од грозјето, измијте ги убаво со ладна вода и наполнете ги теглите до врв, колку што собира. Е сега, за да измерите колку вода ќе ви биде потребно, залијте ги со вода и на таа количина додајте барем уште 100 милилитри (по тегла).
Откако ќе пресметате колку вода ќе ви биде потребно, ставете ја во тенџере заедно со шеќерот (значи, на еден литар вода се става 500 г шеќер), па додајте неколку каранфилчиња и по желба стапче цимет. Кога ќе зоврие промешајте да се растопи убаво шеќерот и тргнете го тенџерето од оган.
Наполнете ги внимателно теглите до врв и оставете ги отворени да се оладат. Потоа процедете ги и повторно соберете го сирупот и ставете го на оган да зоврие. Повторно прелијте ги теглите со зрната грозје и повторете ја постапката. Вкупно се повторува 4 пати.
После четвртиот пат теглите убаво се затвораат и се пастеризираат околу 5-10 минути. По желба можете да додадете и малку рум. Зрната остануваат цели и цврсти, а компотот е божествен. Крајниот резултат го оправдува трудот. / Сооlinarika.com