Босилекот (Ocimum basilicum) е едногодишно растение кое расте до 30-тина центиметри, има пријатен вкус, уникатна арома и убав изглед. Зборот босилек има грчко потекло што значи кралски (басиликон).
Листовите имаат овална форма, а цветовите се бели, црвенкасти или жолтеникави. Се одгледува како градинарска билка на сончеви места и хумусна почва. Босилекот содржи магнезиум, манган, калиум и железо. Иако ни е на дофат, ние често ја занемаруваме оваа зачинска билка и многу ретко ги користиме нејзините бенефити.
Чајот од босилек е особено здрав и се користи за ублажување на инфекции и воспалителни процеси во организмот. Оваа сочна зелена билка содржи камфор, минерални соли, растителни влакна, есенцијални масла и многу друго. Покрај тоа, богат е со витамини А, К, Ц и Б6; а од минералите содржи магнезиум, манган, калиум и железо.
Најважните лековити дејства на чајот од босилек се: ублажува б олки во мускулите, спречува на болести на дигестивниот систем, се користи кај проблеми со бубрезите, мочниот меур и урината; против несоница и хроничен замор, главоболка; кај настинки, грип, бронхитис, астма; проблеми со кожни болести; спречува разни инфекции.
Чај од босилек за кашлица
Чајот од босилек е погоден за проблеми со респираторниот систем, кашлање и исфрлање на слуз. Воспалението на органите за дишење предизвикува контракции, односно кашлање, кое честопати може да биде напорно и непријатно.
Чајот од босилек може да ги исчисти бронхиите и да помогне во полесно исфрлање на слузта што се наталожила и ги иритира дишните патишта. Значи, чајот од босилек ја смирува кашлица и постепено, со редовна употреба на чај, кашлицата престанува.
Чај од босилек за синуси – вдишување
Повеќето луѓе често имаат проблеми со кивање, синуси и затнат нос, без разлика дали станува збор за алергиска реакција или воспалителен процес. Чајот од босилек успешно се користи за инхалација, и тоа на следниот начин:
Ставете две лажици сув лист од босилек во литар врела вода и оставете го покриен 5 минути. После тоа, започнете да вдишувате со ставање на лицето во позиција над садот за чај, покријте ја главата со крпа и длабоко вдишете. Внимавајте, доколку ви е премногу врела пареата, можеби е подобро да почекате уште неколку минути.
Со вдишувањето на пареата, ќе ги внесите и етеричните масла од босилекот кои ќе ја омекнат слузокожата и ќе ги прочистат синусните канали. Возрасните можат да вдишат неколку минути, а децата само 2-3 минути. Доволно е да се повтори постапката 2 пати во текот на денот.
Како се подготвува чај од босилек?
Се мешаат сите горни делови од билката или се користат само листовите. За една чаша чај потребна е една лажица од билката, а се пие незаблажен и во голтки и тоа 2-3 чаши дневно. Чајот може да се заблажи со мед само ако се употребува како лек за град-ни заболувања или како чај против кашлица.
ТЕМПЕРАТУРА И НАСТИНКИ. При високи температури се пие чај од босилек подготвен од листовите. Една лажица сув босилек се прелива со 250 мл врела вода, да отстои 10 минути па се процедува. Се пие засладен со половина лажичка мед, трипати дневно.
КАШЛИЦА И БОЛЕСТИ НА РЕСПИРАТОРEH СИСТЕМ. Се џвакаат свежи листови од босилек. Се подготвува следниот напиток: се подготвува чај од босилек, па во него се додава една лажица рендан свеж ѓумбир, една лажица мед, 5 каранфилчиња и прстофат сол. Се пие неколку пати во денот, во голтки.
КАМЕН ВО БУБРEГ. Сокот од босилек (лист) и мед, се зема редовно, трипати дневно пред оброк, во текот на 6 месеци.
ПАСТА ЗА ЗАБИ. Од сув лист од босилек, иситнет во прав и помешан со масло се добива паста за заби со која се лекуваат воспалителните процеси во устата. Истата паста може да се користи и при у-бо-ди од инсекти.
Купување и чување
Босилекот можете да го купите во саксија или во китка. Листовите од свеж босилек чувајте ги во хартиена кеса, или во пластична кеса па да го складирате во фрижидер најмногу до два дена. Може и да се конзервира во маслиново масло или во оцетна киселина, да се замрзнува или исуши.
Листовите од босилек ставете ги во стаклена тегла, малку посолете ги па прелијте ги со маслиново масло. Теглата добро затворете ја и чувајте ја во фрижидер. Ако сакате да го замрзнете босилекот, тогаш треба да го помешате со малку вода и да го ставите во калапи за мраз.
Кога коцките ќе замрзнат, можете да ги чувате во замрзнувачот во некој сад или кеса. Свежите листови можат да се исушат на суво и ветровито место, под сенка, а стаклените тегли во кои ќе се чува да бидат добро затворени и со темна боја.
Јадења приготвени со босилек. Босилекот може да се користи како гурмански додаток за супи, сосови и брускети. Во салатите се ставаат во последен миг за да не го изгубат свежиот вкус. Еден од најпознатите сосови од босилек е пестото, а се приготвува од свежи листови босилек, лук, маслиново масло и рендан пармезан.
Прелиен преку шпагети ги претвора тестенините во вистинско гурманско доживување, а може да послужи и како маринада. Освен песто, од босилек можете да направите и одличен прелив за шницли, пилешко или морски плодови на скара.
Свежиот босилек може да се измеша со путер, свежо мелен пипер и рендана лимонова кора, па да добиете ароматичен путер кој ќе го користите за разни видови печено месо и риба.
Босилекот е многу полезен ако се додава во масни јадења, како што е свинско месо, овчо месо или печена гуска, бидејќи на тој начин јадењето ќе биде полесно сварливо. Сувиот босилек има посилен вкус од свежиот па додавајте го во варива и разни други јадења од зеленчук, како грашок, разни салати и намази.