I РЕЦЕПТ Брзи плазма коцки – готови се за 20 минути. Се топат во уста! Рецепт и фотографија на Јадранка Томашевиќ

Потребни состојки: 300 г бисквити и 50 мл млеко. За фил: 3 пудинг од ванила, 750 мл млеко, 6 лажици шеќер, 250 г путер/маргарин, 200 г шеќер во прав, 2 кесички шлаг, 200 г ореви. И уште за декорација: 50 г ореви

Постапка: прво сварете го пудингот со 750 мл млеко и 6 лажици шеќер. Оставете да излади. Изматете го путерот со шеќер во прав. Шлагот изматете го според упатството на кесичката. Кога пудингот ќе излади додајте во него изматен путер и шлаг, па сето убаво соединете го. Во смесата додајте мелени ореви.

Филувајте: на тацна наредете бисквити кои претходно сте ги натопиле во млеко, па ставете половина од филот и израмнете, па повторно наредете бисквити и на крај остатокот од филот. Декорирајте со мелени ореви, оставете во фрижидер да се стегне. Можете да сечете на коцки или штангли.

II РЕЦЕПТ Колач ЛАДНИ КОЦКИ – готови за 20 минути. Брз кремаст колач, едноставно се приготвува, го правам со години и никако не ни здосадува. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 2 лажици какао, 1 прашок за печиво. За прелив (можете и без него): 1 шолја од 200 мл шеќер, 1,5 шолја вода.

ЗА КРЕМ 1: 2 пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 700 мл млеко, 200 г путер/маргарин, 100 мл изматена слатка павлака во шлаг, 1 ванилин шеќер. ЗА КРЕМ 2: 2 шлаг креми од чоколадо, 250 мл млеко, За декорација бело чоколадо

ПОСТАПКА: жолчките изматете ги со шеќер, додајте брашно, прашок за печивои какао. Измешајте и на крај полека додајте го снегот од белки. Промешајте да се изедначи, а сепак да остане воздушеста. Смесата печете ја во тепсија 30х25 см на 200 степени во зависност од рерната.

Во меѓувреме сварете го преливот и прелијте го колачот (ако сакате сочен колач, а доколку не го сакате ваков, можете едноставно малку да го напрскате со млеко, а овој дел да го прескокнете).

За крем 1: пудинзите сварете ги на вообичаен начин со шеќерот во млекото. Во изладениот крем додајте пенасто изматен путер и изматена слатка павлака во шлаг, како и ванилин шеќер.

За кремот 2: изматете ги шлаг кремите според упатството со 250 мл млеко. Колачот премачкајте го и добро изладете го, барем неколку часа во фрижидер за да се стегнет кремите.

III РЕЦЕПТ Брзи ЛЕДЕНИ КОЦКИ со кокос готови за 20 минути

Потребни состојки за бела кора: 6 белки, 6 лажици шеќер, 4 лажици брашно, ½ прашок за печиво. За прелив на кората: 200 мл млеко и 1 лажица рум. За фил од кокос: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 600 мл млеко, 2 пудинг од ванила, 250 г путер-маргарин, 100 г кокос, 1 лажица екстракт од кокос. За декорација: 200 мл слатка павлака

Постапка за приготвување на кората: изматете цврсто 6 белки па додајте шеќер и матете додека да се растопи. Посебно измешајте го брашното со прашокот за печиво. Со лажица внимателно додајте го во снегот од белки и нежно промешајте за да остане воздушесто.

Смесата печете ја во претходно загрена рерна на 180 степени во плех 20х30 обложен со хартија, околу 20 минути. Печената кора пренесете ја на решетка и прелијте ја со млекото и румот. За фил: Сварете го кремот како за пудинг и мешајте додека да згусне. Оставете убаво да излади, а најдобро е до следниот ден кога и кората ќе го впие целосно преливот.

Изматете го путерот па додадете го во изладениот фил, па сето соединете го, додадете кокос и убаво промешајте. Преку кората премачкајте го филот, а за најгоре изматете слатка павлака и декорирајте.

IV РЕЦЕПТ Лажна Унгарка готова е за 20 минути. Достојна замена – царица на домашните колачи…

Потребни состојки: 800 мл вода, 5 лажици шеќер, 200 г чоколадо за готвење, 1 маргарин/путер (250 г), 1 кг бисквити (спорт кекси). За глазура: 500 мл слатка павлака за шлаг, 200 г чоколадо за готвење

Постапка: сите состојки ставете ги на оган да зоврие, па тргнете на страна и со лажица промешајте ги биксвитите (цели) да ја впијат течноста. Смесата излејте ја во тепсија (30х40 см) израмнете и прелијте со глазура.

За глазура: слатката павлака на тивок оган загрејте ја, но не смее да зоврие, па во неа растопете го чоколадото искршено на коцки, па смесата прелијте ја преку колачот. Оставете на собна темпеартура глазурата да се стегне, па дури потоа потоа изладете во фрижидер. / Сoolinarika.сom