Тегавецот е едно од најразновидните и достапни лековити растенија. Женскиот тегавец и машкиот имаат речиси ист ефект на лекување кој е познат илјадници години. Тие биле користени од антички грчки и кинески лекари, а во средновековните книги за лековити билки, ова високо ценето растение било препорачано за дури 24 различни болести.
И двата вида тегавец се користат во народната медицина за лекување на проблеми со кожата како чешање и испyканост на кожата, иcеченици или други површни повpеди, yбоди од инсекти или воспаление на очите.
При внатрешна употреба, тегавецот делува како благ експекторанс, а слузот што го содржи го олеснува воспалението на мукозните мембрани, затоа е одличен лек за кашлица и бронхитис.
Исто така, може да се олесни состојбата на астма, воспаление на слузокожата на респираторниот тракт, ларингитис, фарингитис и разни алергиски реакции кои предизвикуваат проблеми со дишењето.
Исто така, се чини дека тегавецот има антибактериски својства, бидејќи неодамнешните истражувања покажуваат дека екстрактот успешно делува кај белодробни инфекции. Поради танините делува адстрингентно, а поради слузта го олеснува воспалението.
Во народната медицина, се користи за лекување на pани, често во мешавина со камилица, за плакнење или внатрешна употреба. Лисјата и сокот спречуваат оток и чешање од каснување од инсекти. Лисјата од тегавец се ставаат во обувки за да ги смират плускавците предизвикани од незгодните чевли.
Свежиот сок од тегавец се препорачува и за пролетен замор, за чистење на кpвта и стимулирање на метаболизмот. Благодарение на големата количина на калиум, тој има и диуретично дејство.
Млади и нежни пролетни лисја од машки тегавец, собрани во март и април, може да се користат за подготовка на супа, мешани салати или варива како спанаќ. Со готвење, лисјата добиваат пријатен, малку ароматичен мирис. Горчливиот вкус може да се отстрани со потопување на исечканите лисја во млака вода 30 минути.
Машкиот тегавец може да послужи како здрава пролетна намирница. Се јадат младите лисја, собрани пред расцветување на цвеќето, од март до јуни. Најдобро е да ги мешате со друг лиснат зеленчук.
Во Германија, овие лисја се пржат со јајца, шеќер или цимет, а во Кавказ и на Далечниот Исток се ставаат во супи. По секое косење, тегавецот повторно расте. Треба брзо да се исуши, бидејќи во спротивно лисјата стануваат црни / потемнуваат.
Против акни и митисери
Измешајте 15 – 20 г свежо исцеден сок од тегавец со малку масло од невен. Смесата се користи против акни и гнојни митисери.
Против камења во жолчката
Семето на тегавец се користи против цревни паразити. Се препорачува како лаксатив, особено за деца и за воспаленија на цревната слузокожа. Консумирање на 8 г семе на ден спречува формирање камења во жолчката.
Свеж сок
Потребни ви се 500 г свежи лисја. Сокот најлесно се подготвува во соковник или добро се блендира и се цеди низ газа. Пијте лажица сок измешан со малку топла вода неколку пати на ден. Се зема на пролет за чистење и стимулирање на метаболизмот, а корисен е и против белодробни заболувања, дури и туберкулоза.
Против грип
Измешајте 30 г лисја од тегавец, 30 г иглички од смрека, 20 г лист од подбел. За чај, истурете две лажички од смесата со 250 мл топла вода и оставете да отстои поклопено десет минути. Засладете со мед по желба.
Инфекции на заби и непца
Тегавецот е одличен за брзо заздравување на pаните на лицето и устата. Го спречува развивањето на бактерии и промовира заздравување, што се должи на аукубинот. Изџваканите лисја од тегавец ја одржуваат хигиената на усната шуплина.
За домашни миленици
Тегавецот добро го толерираат кучиња и мачки, па можете да ги исплакнете осипите или pаните со чај од тегавеџ. Ако животните не ја лижат повредената област, можете да користите и маст, но пожелно е да ставите и бариера да не дојде во контакт со миленичето.
Проблеми со кожата
Употребата на тегавец е популарна за сите видови на проблеми со кожата, како што се pани, чирoви, посекотини, модринки, изгореници, плускавци, yбоди од инсекти и осип од различни причини.
За лекување на проблеми со кожата, измијте свеж лист и направете паста од него, а потоа нанесете ја на погодената област. Поради лесната достапност на тегавецот, тоа е одлична прва помош за yбоди.
Брз сируп
Потребни ви се 4 грста свеж тегавец и 250 г мед. Соединете ги состојките и додајте малку вода и мед и полека загревајте до слабо вриење. Постојано мешајте додека да добиете густ сируп. Истурете го топлиот сируп во тегли и чувајте го во фрижидер. За кашлање и бронхитис, консумирајте една лажица неколку пати на ден.
Чај од тегавец
Зовријте 300 мл вода и додајте неколку лисја тегавец. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Консумирајте две – три чаши на ден. Чајот има пријатен мирис и вкус, затоа е погоден и за деца.
Масло од тегавец
Наполнете стерилизирана тегла со сечкани лисја од тегавец и прелијте ја со маслиново масло, така што целосно да ги покрива лисјата. Затворете и чувајте на темно место. Протресувајте еднаш на ден и процедете после две недели. Можете да го користите одделно или како основа за други мешавини за надворешна и внатрешна употреба.
Алкоxолна тинктура
Направете го истото како и со маслото, но користете вотка наместо масло. Препорачаната доза на тинктура е од 15 – 20 капки трипати на ден, но започнете со користење на 5 – 6 капки, па зголемувајте ја дозата.
Чај против сериозни болести
Чајот, се разбира, не е само за сериозно болни пациенти, туку може да се пие и превентивно. За да го подготвите, измешајте лист од бреза, ајдучка трева, тегавец и лист од коприва.
Чајот се подготвува така што една лажица од мешавината ќе се потопи во 200 мл зовриена вода и ќе се остави да отстои два часа. Потоа процедете и подготвен е чајот за консумирање. Смесата чувајте ја во стаклена тегла. / Текстот го напиша Мартина Христовска