Потребни состојки:

3 јајца

120 г бело чоколадо

120 г несолено крем сирење на собна температура

Постапка:

Најпрво одвојте ги жолчките од белките. Белките оставете ги во фрижидер, а рерната вклучете ја на 170 степени за да се загрее. Белото чоколадо искршете го и растопете го на пареа. Кога малку ќе излади, измешајте со крем сирење кое отстојало на собна температура.

Додадете жолчки и се’ измешајте со лопатка (шпатула). Извадете ги белките од фрижидер и добро изматете ги така да добиете цврст снег.
Потоа измешајте ги со пластична шпатула снегот од белки и филот од крем сирење и чоколадо (погледнете го видеото).

Добиената смеса истурете ја во намастен калап (15 см), неколку пати подигнете го грубо и спуштете го за да излезе целиот воздух, а колачот во текот на печењето да не испука.

Ставете го во поголем плех кој сте го наполниле со врела вода. Печете точно 15 минути на 170 степени, потоа 15 минути на 160 степени, потоа исклучете ја рерната и оставете го колачот да отстои уште 15 минути.

Извадете, оставете целосно да излади, а потоа украсете со шеќер во прав.