Нашите баби и дедовци го обожуваа ликерот од зелени оревчиња. Добро знаеле дека тој е еден од најделотворните лекови. Оревите лекуваат најразлични заболувања, а исклучително помагаат за проблеми со штитната желзда, грлото, респираторни патишта како и бронхитис и зајакнување на имунитетот.
Народната медицина препорачува ликер од орев за лекување на анемија, но и како прва помош при стомачни тегоби и забрзување на дигестијата и перисталтиката. Оревовката уште е позната и под називите „ораховач“, „ораховача“ или ликер од ореви.
Но, како и да го нарекувате овој пијалак се прави од млади зелени ореви, а покрај тоа што на многумина им е омилен ликер, оревовката многу позитивно делува и врз здравјето, затоа што младите ореви содржат многу лековити супстанции од кои најзначајната е јодот.
ОРЕВОВКА ЗА ШТИТНА ЖЛЕЗДА
Како што веќе знаете, штитната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во организмот, која управува со бројни витални процеси. Штитната жлезда е регулатор на телесната температура, ја регулира работата на срцето, како и нервниот систем.
Нејзината правилна работа влијае врз целокупното здравје и изгледот на косата и кожата. За оние кои имаат проблем со правилното функционирање на штитната жлезда, се користи токму ликер од ореви како лек за штитна жлезда. Тоа е затоа што младите ореви се многу богат природен извор на јод, кој е многу важен за правилната работа на штитната жлезда.
За правилна работа на штитната жлезда доволно е секое утро на празен стомак да испиете по една ракиена чашка домашен ликер од оревовача. Пред употреба направете консултација со вашиот лекар.
ОРЕВОВКА ЗА ЖЕЛУДНИК
Кога станува збор за домашниот ликер од ореви, веќе споменавме дека се смета за универзален природен лек за желудник. Најчестите симптоми за желудечни заболувања се болки во стомакот, подуеност, ма-чнина и пов-раќање.
Современата медицина овие тегоби ги лекува со разни антибиотици кои некогаш не делуваат, па затоа луѓето сè повеќе спа-сот го бараат во алтернативната медицина и се презадоволни со резултатите.
Домашната оревовка е еден од природните лекови за желудник кој несомнено ги ублажува споменатите тегоби. Ликерот од ореви несомнено се користи кај третмани со желудечни инфекции предизвикани од бактерии како што е хелико бактеријата.
Делотворен е бидејќи директно ги на-паѓа бактериите и позитивно делува врз цревната флора, го јакне стомакот, го олеснува варењето на храната, спречува појава на ждригавица и подуеност. Напомена: Иако оревовачата е лековита, треба да се има во предвид дека таа спаѓа во силните ал-кохолни пијалаци. Најважно е да не се претерува со кон-сумирањето.
Препорачана доза е мах 2 ракиени чашки дневно. Доколку имате сериозни здравствени проблеми задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да се одлучите да кон-сумирате оревовка во лековити цели. Ова особено се однесува на оние кои веќе користат некоја терапија. Ликерот од ореви е ст-рого заб-ранет за бремени и доилки.
Потребни состојки: 40 млади, зелени оревчиња, 1 кг мед, 1 литар ракија
Постапка: ставете ракавици па младите оревчиња исечете ги, ставете ги во поголема стаклена тегла и преку нив налејте 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете со капак и оставете ја теглата да отстои на сонце 40 денови.
Повремено промешајте ја содржината со пластична или дрвена лажица. Можете да ставите и неколку зрнца кафе (околу 5) и стапче ванила за арома.
Примена: секое утро на празен желудник испијте по една мала, ра-киена чашка од овој ликер. Оревовката е исклучително богата со јод, па затоа се користи за лекување при недостиг на овој минерал. Пред употреба протресете го шишето. Како аперитив се послужува со мраз и парче лимон.
Коментар на Стојан Стојанов: ”Oвaa е стaр рецепт aмa не е дoбар. Истaтa грешкa јa прaвев и јaс сè дoдекa не гo прoчитaв рецептoт oд Мaријa Требен кoјa препoрaчувa oревите дa се сoбирaт вo пoчетoкoт нa јуни кoгa oревите фoрмираaт јaтки и не вo тoлкaв брoј. Oстaнaтoтo истo. Нaјмнoгу 15 oреви се сечaт.
NMD.mk еве ви една оригинален рецепт. 15-20 ореви набрани во Јуни, се сечат на четвртинки се ставаат во шише и се покриват со шеќер, а потоа се додаваат 2-3 каранфилчиња, 1 кора од канела (цимет), 1 ванилин шеќер, изрендана кора од 1 портокал. Се залева со ракија, не мора целото литро, на крајот може да се дополни, и стои 2 до 4 недели на сонце. Шеќер околу 400 грама.“
II РЕЦЕПТ ОРЕВОВКА СО 40 ОРЕВЧИЊА И 1 КГ ШЕЌЕР
Потребни состојки: 1-2 литри домашна комова ракија, 1 кг кристал шеќер и 40 млади зелени ореви, по можност да бидат помали.
Постапка: овој рецепт за домашна оревовка е многу едноставен. Оревите измијте ги и избоцкајте ги со чепкалка, игла или виљушка на неколку места, а можете и да ги исечете на помали парчиња.
Ставете ги во поголема стаклена тегла, па преку нив истресете го шеќерот. Теглата не ја затворајте херметички, туку покријте ја со двојна, стерилна газа. Теглата оставете ја да отстои на сонце 4 седмици (28 дена), со повремено протресување за да се растопи шеќерот.
После четири седмици додајте домашна ракија, па дури тогаш херметички затворете ја теглата и оставете уште малку да отстои на топло или сонце, но не на директно сонце (оптимално време е 40 дена). Кога оревите и шеќерот ќе се измешаат со ракијата, тогаш можете да ги додадете зачините по желба.
Ако сакате да додадете лимон, тогаш додајте го 10-тина денови пред да истече рокот од 40 дена, колку што е препорачано оревовката да отстои пред процедувањето. После 40 дена процедете го ликерот во стаклени шишиња или едноставно извадете ги оревите. Се чува на ладно и темно место.
Иако можеби така не делува, сепак оревовката е многу силен ал-кохолен напиток и ова е само основната мерка за рецептот за оревовка. Постојат и многу други рецепти според кои се додава уште ракија по вкус.
Дополнителен совет: домашната оревовка е најдобро да се прави пред крајот на мај и почетокот на јуни, бидејќи тогаш се наоѓаат најубавите плодови од млад орев. При приготвување на оревовката најдобро е да се носат заштитни ракавици за да не дојде до обојување на кожата.
III РЕЦЕПТ Оревовка со најдобар вкус, здрав и одличен ликер за јакнење на одбранбениот систем / Фотографија и рецепт на Душка Д.
Потребни состојки: 1 литар ракија (комова), 2 ванилин шеќер, 350 г шеќер, 10 зелени оревчиња и 1 тегла
Постапка: во стаклена поголема тегла ставете ги оревчињата кои претходно сте ги преполовиле. Носете заштитни ракавици за да не си ги офарбате рацете. Во теглата со оревчињата додајте го ванилиниот шеќер, шеќерот и ракијата.
Затворете ја добро теглата и оставете ја да стои 40 дена на сонце со секојдневно промешување или протресување за да се растопи шеќерот. Ликерот од ореви, уште познат и како оревовка, во народната медицина веќе со години се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми.
Рецептот за негово приготвување може да се најде во манастирските записи, бележниците на старите билкари, како и во хрониките на некогашните аристократски куќи, бидејќи со векови служел како универзален тоник за здрав стомак.
И денес за многумина претставува „прва помош” за желудочни проблеми и како природен лек против анемија и јакнење на кр-вта. Се приготвува овој период од млади, сè уште зелени оревчиња. Недозреаните плодови од орев со мека средина, се природно богатство на витамин Ц и јод.
Освен витамин Ц и јод, оревите содржат повеќе од 50% на масла, незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во мали количества од витамините Е и Б6. / Фотографија и рецепт на Душка Д.