Потребни состојки за тесто:
250 мл млеко
1 лажичка шеќер
40 г квасец
1 јајце
100 мл масло
1 лажичка сол
550 г брашно
I премачкување:
30 г путер
50 г кисела павлака 20% мм
II премачкување:
1 јајце, сусам
Постапка:
Во топло млеко ставете изронет квасец, лажичка шеќер и брашно. Оставете 10-тина минути да се активира квасецот.
Во вториот сад соединете јајце, масло и сол. Добро промешајте па додадете го млекото со надојдениот квасец и со брашното замесете тесто. Покријте со проѕирна фолија и оставете 30 минути да надојде тестото.
Надојденото тесто поделете го на 2 еднакви делови. Првиот дел развлечете го во круг, околу 30 см. Премачкајте го со путер, а потоа преку путерот и кисела павлака. Вториот дел исто така, на ист начин развлечете го во круг и ставете го врз павлаката. Со оклагија малку развлечете, па исечете на 16 тријаголници или на 12 ако сакате поголеми кифли.
Тепсијата (28 см) премачкајте ја со путер/маргарин. Во средина ставете 5 кифли, а околу наредете ги преостанатите. Оставете на топло уште околу 30 минути да порасне погачата, а за тоа време загрејте ја рерната на 220 °C.
Погачата премачкајте ја со разматено јајце и наросете одозгора сусам, бел или црн.
Печете на 220 °C, околу 5-6 минути, па намалете на 180 °C и печете уште околу 17-18 минути.