Многумина сметаат дека отечените нозе како појава е сосем нормална. Со почетокот на летото, ова може да стане секојдневна појава. Отекувањето на нозете е грда и непријатна состојба, а понекогаш може да биде и б олна.
Нозете се дел од телото кое трпи најголем дел од оптеретувањето. Таквото оптеретување може да биде предизвикано од вишок килограми, долготрајно стоење на нозе, поради специфични услови за работа (долго седење).
Пред сè, мора да посетите лекар за да се утврди точниот причинител за отокот (бубрези, срце, инсуфициенција, хормонско пореметување и сл). Ако причината за отокот не се проблеми во вашиот организам, тогаш можете да се обидете да го решите проблемот со отечените нозе на природен начин, во домашни услови.
Ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од отечените нозе:
Најпрво, мора да се обидете да кон-сумирате помалку сол. Ако не можете никако без сол, тогаш користете исклучиво јодирана. Сте навикнале на солено, па храната без сол не ви е вкусна.
За да го одбегнете ова, во храната додавајте лимонов сок и некои други билни зачини. Посебно се користи магдоносот бидејќи содржи диуретски својства. Ако јадете краставица на пример, не ја солите, бидејќи таа изобилува со натриум, а со солта само ќе го зголемите неговото количество.
Кога во телото има вишок на натриум, во организамот се вклучува таканаречен систем за опстанок, бидејќи високото ниво на натриум означува дехидрираност. Телото за да се заштити од дехидрирање започнува да ја штеди течноста и максимално ја задржува во ткивата.
Исто така, пијте вода со лимонов сок, што почесто во текот на денот. Лимонадата освен што ќе ве освежи, ќе му помогне на телото да се ослободи од вишокот сол и ќе ги намали отоците.
Во текот на летото обидете се што повеќе да консумирате овошје и зеленчук со изразено диуретско дејство: лубеница, диња, јагоди, краставици. Како одличен диуретик се покажал и одварот направен со листови или корен од магдонос (може да се користи и целата билка):
1-2 супени лажици иситнет корен или листови од магдонос прелијте со 400 мл врела вода. Поклопете и оставете да отстои преку ноќ. Процедете. Додајте сок од еден лимон и пијте го трипати во текот на денот по 100 мл.
Направете пауза од три дена. Пијте го одварот по овој режим додека отокот целосно да исчезне. Кога нозете се отечени, многу е корисен и одварот од ленено семе:
Во 1 литар вода додајте 4 мали лажички ленено семе и ставете на оган. Нека се вари 10-15 минути. Тргнете од оган и оставете на топло место да отстои околу 1 час. После можете да прецедете, но не морате. Ќе се создаде доста слузава течност, но повеќекратно е одлична за здравјето на организмот.
Додајте сок од еден лимон и консумирајте во текот на денот, секогаш топло, на секои половина час по половина чаша. Терапијата трае две седмици, по што обично отокот поминува. Освен тоа, доколку неодамна сте имале воспаление на белите дробови, чајот од ленено семе ќе ве ослободи од вишокот слуз.
За да го спречете отекувањето на нозете, применете солен раствор на следниот начин:
1 кг готварска сол растворете во 10 литри ладна вода. Еден мек пешкир натопете го во овој раствор и ставете го на лумбалниот дел од грбот (на крстот) да отстои околу 20 минути. Оваа постапка се спроведува во текот на 10 дена, секоја вечер пред спиење.
Отокот исчезнува поради засилено мокрење, кое започнува речиси веднаш по првата постапка.
Солените облоги можете да ги користите и на следниот начин: натопете парче ткаенина во топол солен раствор, исцедете ја и завиткајте ги отечените нозе. Потоа покријте ги нозете со топло ќебе и оставете ги така околу 20 минути.
Инаку, со помош на солени облоги можете за кратко време да ја елиминирате главоболката и да го нормализирате високиот крвен притисок. Нека не ве збунуваат овие солени облоги. Внесот на солта во организмот предизвикува отекување, но солените облоги делуваат токму спротивно, преку кожата го поттикнуваат исфрлањето на течности од организмот, осносно, делуваат како диуретик.
Исто така, овој едноставен метод може да ви помогне против отечени нозе:
Подигнете се на прсти така да ви бидат подигнати петите над подот околу 1 см, а потоа нагло спуштете се на петите, да почуватвувате лесен удар каков што се чувствува при брзо одење или трчање. После 30-тина вежби кои се спроведуваат по една во секунда, следува пауза од 5-10 секунди. Вежбите можат да се прават било каде, дома или за време на прошетка, сеедно, неколку пати во денот.
Оваа вежба ја подобрува циркулацијата на кр-вта во нозете. Инаку, ова се многу ефикасни вежби за чистење на кр-вните садови кои им помогнале на илјадници луѓе со варикозни вени.
И запамтете: ако имате проширени вени, одбегнувајте премногу топла вода за време туширањето. Топлата вода ги шири кр-вните садови, што доведува до стагнација на кр-вотокот, односно, доаѓа до појава на отоци.