Поздрав драги пријатели, почитувани домаќинки и домаќини. Денес ќе ви претставам нов рецепт за пирошки кои имаат вкус на неодолива пита, а се приготвуваат на еден многу необичен начин. Без квасец и чекање, а тестото е меко, слоевито, крцкаво и толку вкусно што никој не може да му одолее.

Со оглед на тоа што тестото е посно, може да се користи и во посна и во масна варијанта, во зависност од филот кој ќе го користите и вашиот вкус. Затоа, не пропуштајте го овој рецепт и испробајте го – Валентина Машковиќ.

Потребни состојки: 300 мл врела вода, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 20-30 мл масло, 550 г брашно + 50 г за домесување, 1 прашок за печиво и масло за пржење на пирошките.

За фил во посна варијанта: сечкана и издинстана кисела зелка или рендана свежа зелка, праз, спанаќ, рендан компир, посна урда.. а фил за масна варијанта: сирење, пица филување, шунка, кашкавал, пропржено мелено месо..

Потребни состојки:
водата зовријте и претурете ја во длабок сад каде ќе го замесите тестото
Додајте една лажичка шеќер, една лажичка сол, 20-30 мл масло
додајте половина од вкупната количина на брашното (околу 270 г)
една кесичка прашок за печиво (10-12 г)
Промешајте

Постапка: водата зовријте и претурете ја во длабок сад каде ќе го замесите тестото. Додајте една лажичка шеќер, една лажичка сол, 20-30 мл масло, половина од вкупната количина на брашното (околу 270 г), една кесичка прашок за печиво (10-12 г) и убаво со жица изматете.

Кога ќе се формира меко тесто без грутчиња, не ви е потребна повеќе жицата
Додајте го постепено преостанатото брашно и замесете го тестото со рака.
Месете го доволно долго додека да се формира малку потврдо тесто, мазно, кое не се лепи на рака и сè уште е топло.

Кога ќе се формира меко тесто без грутчиња, не ви е потребна повеќе жицата. Додајте го постепено преостанатото брашно и замесете го тестото со рака. Месете го доволно долго додека да се формира малку потврдо тесто, мазно, кое не се лепи на рака и сè уште е топло.

Од тестото формирајте топка и ставете ја во кеса за замрзнување или каква имате, затворете ја добро и оставете да одмори 15 минути

Од тестото формирајте топка и ставете ја во кеса за замрзнување или каква имате, па добро затворете ја (врвот завиткајте го во чвор). Вака спакуваното тесто ставете го во еден подлабок сад и целото прелијте го со топла вода (не премногу врела како при замесувањето, но топла).

По изминатото време извадете го тестото од кесата
Поделете го на 14 парчиња (или колку сакате) и формирајте ги во топчиња.
Оставете ги врз малку намастена површена и со дланките одозгора притиснете ги за да сплоснат.

Оставете го да одмори 15 минути. По изминатото време извадете го тестото од кесата и врз работна површина формирајте валјак. Поделете го на 14 парчиња (или колку сакате) и формирајте ги во топчиња. Оставете ги врз малку намастена површена и со дланките одозгора притиснете ги за да сплоснат.

Премачкајте ги со масло
покријте ги со кеса или фолија. Оставете ги да одморат 10-тина минути.
пригответе го филот.
На едно место имам приготвено рендан кашкавал, кечап и ситно сечкан сув врат, печеница или шунка. Ова ќе биде „пица“ филувањето.

Премачкајте ги со масло и покријте ги со кеса или фолија. Оставете ги да одморат 10-тина минути. За тоа време пригответе го филот. На едно место имам приготвено рендан кашкавал, кечап и ситно сечкан сув врат, печеница или шунка. Ова ќе биде „пица“ филувањето.

За посна варијанта имам подготвено рендана свежа зелка која ќе ја посолам со малку сол и малку црн пипер. Зелката измешајте ја со гм-ечење меѓу прстите за да омекне.

За посна варијанта имам подготвено рендана свежа зелка која ќе ја посолам со малку сол и малку црн пипер. Зелката измешајте ја со гм-ечење меѓу прстите за да омекне.

Намастете ја работната површина и земете една „јувка“ (едно топче тесто) и најпрво развлечете ја долгнавесто со оклагија, за да добие правоаголна форма.

Намастете ја работната површина и земете една „јувка“ (едно топче тесто) и најпрво развлечете ја долгнавесто со оклагија, за да добие правоаголна форма. Кората развлечете ја колку што можете повеќе, да биде колку може потенка.

На самиот почеток од кората нанесете го приготвениот фил
потоа поклопете ја кората по малку од едната и другата страна за да не излегува филот
потоа внимателно свиткајте ја пирошката
Приготвените пирошки оставете ги врз малку намастена површина и покријте ги со најлон

На самиот почеток од кората нанесете го приготвениот фил, потоа поклопете ја кората по малку од едната и другата страна за да не излегува филот, а потоа внимателно свиткајте ја пирошката. Приготвените пирошки оставете ги врз малку намастена површина и покријте ги со најлон.

Спуштајте ги пирошките во загреаното масло, така што спојката да биде од долна страна.
тавата повремено протресувајте ја

Оставете ги вака да одморат додека се загрева маслото за пржење на умерена температура. Спуштајте ги пирошките во маслото, така што спојката да биде од долна страна. Не ја преполнувајте тавата, имајте во предвид дека (што и да пржите) на тој начин се намалува температурата на маслото и потешко ќе се испржат.

кога ќе забележите дека зарумениле од долната страна, превртете ги и од другата страна
Пржените пирошки вадете ги во чинија обложена со хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотија

Нежно протресувајте ја тавата додека се пржат пирошките за да можат порамномерно да се испржат, па кога ќе забележите дека зарумениле од долната страна, превртете ги и од другата страна. Пржените пирошки вадете ги во чинија обложена со хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотија.

Пирошките можете да ги јадете топли или ладни, секако се вкусни

Пирошките можете да ги јадете топли или ладни, секако се вкусни. Однадвор се крцкави, а внатрешнсота им се разлистува како пита. Пробајте ги во првата пригода. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Однадвор се крцкави, а внатрешнсота им се разлистува како пита