Витаминска бом-ба за имунитет, ја подобрува кр-вната слика за само 3 дена. Добро се покажала и за намалување на вишокот масти во кр-вта. Се подготвува многу лесно и едноставно.
Цвеклото и лимонот се одлична комбинација за намалување на холестеролот, а ако додадете домашен мед во смесата, лековитите ефекти се уште поголеми, ќе имате многу енергија и ќе се чувствувате многу подобро.
Цвеклото како лек се покажал одличен за трудници и анемични луѓе. Потребно е да го консумираат и оние кои често настинуваат, се разболуваат од грип и вируси, но исто така е и одличен за превентива.
Сите состојки може да ги најдете многу лесно, но веројатно повеќето од вас ги имаат во домот. Лекот се подготвува за 10 минути. За лековитите својства на цвеклото уште одамна се знае.
Нутритивниот состав на цвеклото е многу богат, а изобилува со сите важни минерали, витамини и антиоксиданти. Станува збор за двогодишна билка (Beta Vulgaris) и се користи во исхраната кај луѓето повеќе од 1000 години.
Старите Грци ја употребувале за намалување на телесната температура, а Римјаните ја користеле против запек и нередовна столица. Постоело верување ако заедно го поделат цвеклото, дека на тој начин ќе се поврзат за цел живот и ќе останат заедно среќни и заљубени.
Од цвеклото се подготвуваат многу природни лекови, а помагаат во лекување на анемија. Со цвеклото се подобрува кр-вната слика, а бројни сведоштва кажуваат дека го намалува притисокот. Го прочистува црниот дроб од ток-сини, спречува настанување на бубрежни болести.
Го намалува високиот холестерол и ги намалување мастите во кр-вта. Го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот од болести, а исто така ја одржува силата и енергијата, ја подобрува циркулацијата во екстремитетите.
Превентивно делува на појавата на катаратка и го чува здравјето на очите. Ги зајакнува кос-ките и зглобовите и затоа е вистински лек за остеопороза. Го подобрува и забрзува здравиот раст на косата и ги подобрува мозочните функции кај постарите.
Во цвеклото се содржат 43 калории на 100 грама, а во неговиот состав има важни растителни влакна, витамини и минерали. Одлична намирница е доколку сте на диета бидејќи со диететските влакна засирува, а истовремено ќе ве обезбеди со потребниот внес на нутриенти.
Свежото цвекло и сокот од свежо цвекло се препорачуваат во ограничени количини, поради малку повисокиот процент на шеќери. Сепак, кога свежото цвекло ќе подлежи на процес на ферментација, тоа може да биде едно од најздравите зеленчуци. Ова е случај бидејќи поголемиот дел од шеќерите е разграден од корисните бактерии, додека другите хранливи елементи, кои се особена важност, остануваат присутни.
Цвеклото содржи компоненти наречени беталаини, кои имаат моќно антиоксидативно дејство. Исто така, ја зголемува издржливоста при која било физичка активност поради поттикнување на создавање азотен оксид. Пикот на овој оксид во кр-вта се случува 2 – 3 часа по консумирањето на цвеклото, па затоа е најдобро да консумирате цвекло 2 часа пред вежбање.
Фитонутриентите кои му го даваат специфичното обојување на цвеклото, може да имаат антиканцерогено дејство. Повеќето студии, правени на лабораториски животни, даваат податоци дека овие фитонутриенти или пигменти, можат да делуваат на намалување на ширењето на туморските клетки.
Содржината на витамин Ц, растителни влакна, манган, калиум му дава на цвеклото одредено имуностимулирачко дејство, додека пигментите беталаини и сулфурните аминокиселини прават детоксикација во организмот.
Високата содржина на витаминот Б9 го прави цвеклото особено погодно за трудниците и го намалува и ризикот од срцев и мозочен у дар. Недостатокот од овој витамин, може да биде доста проблематичен кај трудниците.
Во цвеклото се содржи железо, калциум, калиум, фосфор, натриум, магнезиум, јод, манган, флуор, бром, сулфур, стронциум и литиум, а од витамини има витамин Ц, Б1, Б2, Б12 кој ретко се среќава во останатите билки.
Цвеклото содржи и јаглехидрати, посебно сахароза. Во неговиот состав има многу аминокиселини, фолати и антиоксиданти. Во голема количина се присутни и растителните влакна кои ја подобруваат столицата и го нормализираат правилното варење на храната.
Витаминска бом-ба од цвекло, лимон и мед – рецепт
Потребни состојки: 500 г цвекло, 2 лимони, 3 лажички мед, 200 мл вода.
Постапка: 500 г цвекло е отприлика околу 2 цвекла со среда величина, лимоните треба да бидат поголеми. Најдобро е да користите багремов мед, но доколку немате може и некој друг домашен мед.
Оваа количина ќе ви биде доволна за 2 дена. Салатата се консумира наутро и навечер, а остатокот чувајте го во фрижидер и консумирајте по потреба. Темелно излупете го цвеклото.
Откога ќе ја излупите лушпата, пресечете го цвеклото на четвртини. Изрендајте го секој дел од цвеклото во подлабок сад. Двата лимони пресечете ги на половина и процедете го нивниот сок.
Следниот чекор кој треба да го направите е да растопите 2 лажички мед во чаша со вода со дрвена лажичка. Во изренданото цвекло додајте го сокот од лимон и чашата со медена вода.
Измешајте ги добро сите состојки, а оваа витаминска салата ќе ви го зајакне имунитетот за 3 денови. Потребно е да се консумира секој ден, наутро и навечер. Добиената количина распоредете ја на 4 оброци и изедете ја за 2 дена.
По 2 дена, направете втора доза. Втор начин на подготовка е сите состојки да го сомелете во соковник или блендер и да го испиете веднаш свежиот сок. Салатата може да ја консумирате и за време на оброците како прилог.
Овој лек може да се дава на трудници и на деца кои се анемични. Статистички се смета дека 20% од трудниците имаат слаба кр-вна слика. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска