Отечените нозе некогаш биле тегоба на постарите луѓе, но денес тоа е проблем кој ги погодува сите возрасти, пред сè, поради седечкиот начин на живот, недвижењето и физичката неактивност, неадекватна исхрана, тесни обувки или доготрајно носење превисоки потпетици.

Високите летни температури, исто така, може да влијаат на отекување на нозете, но и презагреани простории зимно време, како и долгото седење во автомобил со вклучено греење. Меѓутоа, отекувањето на нозете, исто така, може да биде синдром на некоја сериозна хронична болест.

Болести кај кои се манифестира овој симптом се кардиоваскуларните, или тегоби со црниот дроб, белите дробови, бубрезите, штитната жлезда. Поради тоа многу е важно да се консултирате со лекар и да не се земаат лекови на своја рака.

Бидејќи ако причината, на пример, е срцева слабост, докторот е тој кој открива што довело до отекувањето, одредува дали пациентот има вишок или недостиг на течности во организмот и пропишува адекватна терапија, чија цел е не само да го ослободи пациентот од отоците, туку и да го лекува отекувањето за тоа да не се повтори.

Меѓутоа, зад отекувањето на нозете не мора секогаш да стои некој здравствен проблем. Причина може да биде и повеќечасовното стоење на работа кај одредени професии (фризер, продавач, стоматолог), понекогаш поради мен-струацијата, па дури и поради гравитација.

Ако наутро кога ќе станете од спиење нема отоци, а тие се развиваат во попладневните часови, и доколку отокот се повлекува кога ќе ги подигнеме нозете и на тој начин ги одмориме, тогаш најдобар совет е да се слуша телото и да не се форсира.

Потребно е да се прават паузи кај занимања кај кои се стои, а кај седечките да се применуваат вежби кои ја поттикнуваат циркулацијата. Консумирање диуретици, лекови за исфрлање течности, во вакви случаи кога отокот поминува по одморање на нозете, е целосно погрешно, бидејќи може да предизвика хидратација на организмот, како и загуба на електролити.

СОВЕТИ

Наместо медикаменти, подигнете ги нозете така што стапалата ќе ви бидат во повисока положба од колковите и одморајте ги во таа положба 20 минути. Природните диуретици кои го поттикнуваат уринирањето и со тоа ја исфрлаат водата од организмот се: краставица, морков, кромид, сок од лимон, па консумирајте ги секојдневно.

Пијте билни чаеви и земајте витамин Ц. Секојдневно вежбајте така што ќе ги истегнувате листовите (помага кај отечени зглобови), одете боси наизменично на прсти и на пети, а додека седите пред ТВ-екран или пред компјутер, со стапалата тркалајте тениско топче.

ВЕЖБА ЗА ОТЕЧЕНИ НОЗЕ И ЦЕЛИОТ ОРГАНИЗАМ

Подигнете ги нозете на ѕид 10 минути дневно и резултатот ќе ве изненади. Оваа вежба многукратно е полезна за целиот организам. Можеби ќе си помислите дека оваа вежба е необична, и зошто токму такво поставување на рацете врз срцето и стомакот, и зошто токму таква положба на нозете… Но, сè си има своја причина.

Оваа вежба е многу корисна за нашето здравје. Слична е на јогата чија цел е да воспостави врска помеѓу телото и духот, а исто така е корисна и за циркулацијата, особено во нозете.

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ВЕЖБАТА

Легнете на грб, бутовите би требло да бидат 15-50 см оддалечени од ѕидот. Свиткајте ги нозете во колената и потпрете се со петите на ѕид. Доколку бутовите се наоѓаат под прав агол во однос на грбот, тогаш зад-никот ќе биде на исправно растојание од ѕидот.

Исправете ги нозете и потпрете се на ѕидот со целата површина на стапалата. Не ги виткајте нозете во колена и опуштете ги. Ставете перница под главата (или грбот). Би требало да ви биде многу удобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете една дланка на стомак, а другата на срце.

Бидете свесни за своето дишење. Вдишувајте броејќи до 2, а издишете броејќи до 4. Задржете се во оваа положба 10 минути со затворени очи. Дишете и опуштете се. Оваа вежба нè воведува во состојба на еден вид медитација иако за тоа не сме свесни. Ќе почувствуваме како нашето тело и ум потонуваат во мир и постигнуваат хармонија.

Со текот на времето, колку повеќе се практикува оваа вежба, толку повеќе ќе забележувате како од неа добивате сè поголеми благодети: се намалуваат отоците на нозете; се отстранува синдромот на уморни нозе; се подобрува варењето; се релаксира нервниот систем; придонесува за психички мир