Потребни состојки за кора:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици мелени ореви
5 лажци брашно
½ прашок за печиво
300 мл фанта
Потребни состојки за 1.фил:
300 г мелена плазма
100 г чоколадо
200 мл фанта
½ коцка маргарин (½ од 250 г)
50 г шеќер во прав
Потребни состојки за 2.фил:
200 г мелени ореви
100 мл млеко
½ коцка маргарин
50 г шеќер во прав
Потребни состојки за 3.фил:
750 мл млеко
3 пудинзи од ванила
½ коцка маргарин
50 г шеќер од прав
300 г шлаг
Постапка:
1.6 белки со 6 лажици изматете со миксер да добиете цврст снег. Потоа додавајте една по една жочка и со постојано миксање. Рачно со лажица додадете 5 лажици брашно, 6 лажици мелени ореви и внимателно измешајте.
2.Добиената смеса за кора печете ја на 180 степени, околу 20 минути. Кога ќе излади натопете ја со 300 мл фанта.
3.Половина маргарин изматете пенасто со 50 г шеќер во прав, па потоа додадете 100 г стопено чоколадо, соединете, па додадете 300 г мелена плазма и 200 мл фанта. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.
4.200 г мелени ореви прелијте со 100 мл врело млеко. Кога ќе излади измешајте со ½ пенесто изматен маргарин со 50 г шеќер во прав.
5.500 мл млеко ставете на оган да зоврие, па сварете трите пудинзи разматени во 250 мл млеко. Сварениот пудинг соединете го со изматен ½ пудинг и 50 г шеќер во прав. Добиениот фил поделете го на два дела.
6.Преку натопенатата кора ставете го филот со плазма, потоа ½ од филот со пудинг, па филот од ореви и вториот дел од пудингот. На крај филувајте со шлаг.