Фото и рецепт: Марта Муреска

Рецептот е навистина едноставен:

Се користи: брашно, сол, малку шеќер, квасец и млака вода.

Квасецот се растопува со малку млака вода, една лажица брашно и малку шеќер, па се остава на топло околу 5-10 минути за да се активира.

Во брашното се става едно лажиче сол и активираниот квасец, па со млака вода се замесува убаво, средно-меко тесто.

Тестото се остава на топло додека да се удвои, односно да го зголеми својот волумен.

Потоа се премесува и повторно се остава да кисне.

Најпосле се сече на неколку делови, а секој дел се обликува во топче.

Топчињата се редат во претходно подмачкан плех.

Одозгора се премачкуваат со жолчка и се поросуваат со сусам.