Мажи, внимавајте, ризикувате неплодност ако не ги држите вашите нозе раздвоени. Професорот Марк Гоулдстајн вели дека прекрстените нозе може да го намали производството на сперма!

Професорот по урологија и директор на центарот за машка репродуктивна медицина во Њујорк вели дека седењето со една нога префрлена преку другата, во текот на дваесеттина минути ја покачува температурата во тестисите на околу 42 степени Ц, а оптималната температура за производство на сперма е помеѓу 36 и 37 степени Ц.

Тоа би можело, вели тој, да ја намали плодноста кај мажот, иако тоа нема да се покаже во текот на следните 11 недели, предупредуваат од Центарот, затоа што на организмот му се потребни 77 дена за да ја создаде спермата.

Температурата игра важна улога во функцијата на тестисите: пред 2.000 години јапонците користеле врели бањи како облик на контрацепција. „Секоја температура над оптималната може да биде штетна“-вели професорот Гоулдстајн.