Home Здравје Мажите кои имаат проблем со импотенција треба да практикуваат вежби со кои...

Мажите кои имаат проблем со импотенција треба да практикуваат вежби со кои ќе го подигнат нивото на тестостерон

Сквотовите го зголемуваат лачењето на хормонот на стресот и тестостеронот, и претставуваат одличен начин да ги зајакнете нозете и долниот дел од телото, а влијаат позитивно и на другите мускули, пред се’ на стомачните и тоа долните кои инаку е тешко да се дефинираат и ослободат од масните наслаги.

Оваа вежба го намалува ризикот од повреда на колената, како и на зглобовите воопшто, со редовен тренинг тие стануваат поотпорни и поцврсти. Покрај тоа, сквотовите (клекнувања), телото го прават пофлексибилно, па на почетокот од секој тренинг ќе го немате повеќе она чувство на вкочанетост и ќе ви биде потребно помалку време за да се загреете.

Две причини, особено важни, поради кои би требало да започнете со оваа вежба се зголемено лачење на хормонот на растот и тестостеронот.

Тестостеронот е особено важен кај мажите, а е поврзан со нивото на либидото, односно, колку повисоко ниво на тестостерон, толку поголема желба за сексуални односи и елиминирање на проблемите со импотенција!