Потребни состојки:

800 г бисквити

100 г ореви

200 г шеќер

60 г какао

240 мл вода

150 г путер

1 лажичка екстракт од ванила

120 мл слатка павлака

120 г млечна или чоколадо за готвење

Постапка:

Сите бисквити искршете ги и оставете ги во подлабок сад. Пропржете ги оревите околу 5 минути, повремено мешајќи, па додадете ги искршените бисквити.

Во шерпа измешајте шеќер и какао, па додадете вода со постојано мешање. Добро соединете да се добие еднолична смеса, па додадете путер и ставете на рингла путерот да се растопи и добро соедини со смесата. Ќе ви биде потребно 7-8 минути готвење на средна температура.

Изладете околу 10-15 минути, па додадете екстракт од ванила. Промешајте и прелијте преку искршените бисквити измешани со ореви.

Добро промешајте за да може кремот насекаде да се распореди, па истурете во плех или во некој подлабок сад за да можете да го обликувате колачот.

Тоа направете го со лажица или шпатула, па откако ќе обликувате, поклопете го садот со тортата и оставете го да излади во фрижидер половина до еден час.

Пред да ја извадите тортата од фрижидер, ставете слатка павлака да проврие, па со неа прелијте го чоколадото.

Оставете да отстои така една минута, па почнете со мешање додека добро да се соедини. Излејте ја смесата врз тортата.

Откако ќе ја премачкате тортата со оваа смеса оставете ја пак да се излади во фрижидер, барем 3-4 часа пред послужување, а најдобро преку ноќ.

Целата постапка погледнете ја во видеото: