Секој што имал инфекција на уринарниот тракт знае колку состојбата може да биде болна и да го наруши квалитетот на животот. Постојано чувство како да мора да уринирате иако воопшто не можете да го направите тоа предизвикува б олка и притисок.

Дури и откако ќе успеете да уринирате, чувството е крајно б олно. Некогаш се чувствува и пецкање. Уропатогените бактерии на E. Coli се сметаат за виновник за појавата на инфекции на уринарниот тракт и воспаленија во 90% од случаите.

Но, за да се ослободите од оваа состојба на природен начин, направете домашен природен антибиотик, кој со сигурност ќе го отстрани овој непријатен проблем по првиот третман. Иако многу бактерии понекогаш можат да се вратат како бумеранг, некои природни лекови може да го спречат тоа.

Кога ќе се спојат овие состојки, секоја со своите корисни ефекти, ќе добиете моќен лек, за кој докажано им помага на оние кои со години упорно се бо-рат против бактеријата E. Coli.

Рецепт

Измешајте во еднакви пропорции, корен од магдонос, лимон, мед и маслиново масло. Сите овие намирници имаат докажано антивоспалително и антивирусно дејство.

Потребни состојки: 250 г корен од магдонос, 250 г лимон со се кора, 250 г мед, 200 мл маслиново масло.

Подготовка: Коренот од магдонос и кората од лимон треба да бидат ситно исечкани, а потоа сите состојки, вклучувајќи ги медот и маслиновото масло, треба да се додадат во блендерот и да се соединат.

Потребно е да добиете густа смеса, која е потребно да се чува во фрижидер. Консумирајте секое утро по една лажица. Откога ќе ја завршите првата доза ќе бидете излечени од бактеријата.

Забелешка: Медот би било добро да се набави од проверен пчелар, лимонот дефинитивно треба да биде домашен непрскан. Ако сепак купите лимон од супермаркет, ставете го да отстои во ладна вода во која ќе додадете малку сода бикарбона.

Потоа исплакнете го добро. Коренот од магдонос исто така треба добро да се измие. Покрај напитокот направете ги и овие работи за да ја отстраните бактеријата што е можно поскоро.

Пијте многу вода

Иако ова можеби не звучи како посебен лек, но пиењето доволно течности е најважната работа што можете да ја направите за мочниот меур. Освен фактот дека водата може да помогне во измивање на бактериите, уште поважно е дека ќе се ослободите од т оксините при уринирање.

Консумирајте 2,5 до 3 литри вода на ден за да го забрзате процесот на детоксикација и да ги исфрлите непотребните материи од телото.

Редовно одете во тоалет

Не задржувајте ја урината и не го одложувајте одењето во тоалет. Имено, со задржување, им помагате на бактериите уште повеќе да се размножуваат. Со редовно одење во тоалет, го намалувате нивниот број и можноста да се влоши инфекцијата.

Пијте чај од магдонос

Магдоносот делува како диуретик, а освен што е освежителен, овој напиток ќе го забрза и процесот на заздравување. За да се олесни или спречи инфекцијата на уринарниот тракт, потребно е да се пие чај од магдонос секојдневно.

За подготовка на чајот потребни ви се две мали лажици сув магдонос и 250 мл вода. Ставете магдонос во зовриената вода и оставете го да отстои од 6 до 10 минути. Потоа процедете го чајот и испијте го незасладен.

Редовно грицкајте краставица како закуска

Благодарение на големата количина на вода што ја содржи овој зеленчук, тој е идеален за „чистење“ на мочниот меур. Покрај тоа, краставицата ќе ви обезбеди доволно течности и ќе ви помогне полесно да се ослободите од бактериите.

Загрејте го долниот дел од телото

При инфекција на уринарниот тракт, стомакот не е болен само при мокрење. Инфекцијата може да предизвика постојана непријатност во долниот дел на стомакот.

За да ги  олесните симптомите, постојано загревајте го долниот дел од стомакот, што ќе ги релаксира мускулите и ќе ги ублажи грчевите што предизвикуваат б олка. За ова може да се користи шише со топла вода.

Пијте сок од брусница

Брусницата често се користи во третманот на болести на уринарниот тракт. Брусница е одговорна за спречување на размножување на E. coli. За превенција, доволно е да пиете две чаши незасладен сок од брусница на ден.

Дополнителен совет: Избегнувајте чоколадо и кофеин бидејќи тие можат да предизвикаат иритација на мочниот меур и „помагаат“ на бактериите полесно да навлезат и да се размножуваат.

Исто така, избегнувајте и многу кисела храна како лимон и цитрон бидејќи при уринирање, киселоста може да предизвика дополнително пецкање.

Прочитајте и ова: Решете се од каменот во бешиката и мочниот канал по природен пат

Каменот се формира главно во бубрезите, а преку уринарниот тракт може да навлезе во мочниот меур каде што останува и со текот на времето се зголемува со понатамошно таложење на отпадни производи од солта од урината.

Каменот постојано ја трие слузокожата на мочниот меур, што предизвикува  воспаление.

Рецепт за чај кој помага во исфрлање на каменот од мочниот меур

Потребни состојки: 50 г пиреј (подземен дел), 50 г лисја од бреза, 50 г лисја од мечкино грозје, 20 г коњска опашка, 10 г мајчина душица. Сите потребни билки можете да ги најдете во билна аптека.

Подготовка: Исечкајте ги билките што е можно повеќе и соединете. Ставете 15 г мешавина од билките во 2 литри зовриена вода и по зовривање варете уште 3 минути, поклопено со капак.

Кога чајот ќе се олади, процедете го во шише и додајте 1 лажица свеж сок од лимон. Оваа количина е потребно да се испие во текот на денот.

5 природни начини да се ослободите и да се решите од воспаление на бешиката: водата ги испира бактериите

Воспалението на мочниот меур е чест проблем кај многу жени, а освен непријатното чувство и печење при мокрење, овој проблем, доколку не се лекува навреме, може да предизвика многу поголеми компликации.

Ако почувствувате симптоми на воспаление на мочниот меур, побарајте помош од лекар и може да најдете сојузници во бор-бата против бактериите во оваа едноставна, но многу моќна храна.

Вода

Пиењето голема количина на вода е најдобриот третман за воспаление на мочниот меур, бидејќи водата ќе ги исфрли бактериите што предизвикуваат воспаление од уринарниот тракт.

Сода бикарбона

Еден од најефикасните домашни сојузници во бор-бата против воспалението на мочниот меур. Ставете лажичка сода бикарбона во чаша вода, добро промешајте и пијте, по можност помеѓу оброците или на празен стомак. Повторувајте ја постапката секој ден, сè додека да помине воспалението.

Јогурт

Антибиотиците ги у биваат лошите бактерии, но не ги штедат ниту добрите, кои го регулираат правилното функционирање на имунолошкиот систем на организмот. Од друга страна, пробиотиците содржат добри бактерии, кои ја балансираат работата и ќе му помогнат на телото да се бори против инфекцијата, а јогуртот е еден од најдобрите избори.

Лимон

Преполн со витамин Ц кој му помага на телото да се ослободи од бактериите, лимонот може да биде од голема помош во ублажување на симптомите на воспалениете на мочниот меур, како што е пецкањето. Измешајте една лажица сок од лимон со 200 мл топла вода и испијте ја течноста како чај.

Лук

Ова е најсилниот природен антибиотик кој лечи бројни болести, и надворешни и внатрешни. Лукот има антибактериско и антивирусно дејство, затоа е потребно да јадете едно до три чешниња сиров лук со парче леб. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска