Многу вкусен посен колач во два слоја а се приготвува за многу кратко време. Се мешаат состојките и добиената смеса се дели на два еднакви делови. Во едниот дел ставате какао и ореви, го запекувате, па врн него го излевате вториот дел од смесата и го допекувате колачот. / Рецепт на Цеце (Deliciouss By Cece)

Потребни состојки: 3,5 шолји вода (1 литар), 2 шолји шеќер (600 г), 3 шолји брашно (900 г), 1 шолја масло (300 мл), 50 г кокос, 50 г ореви, 3 лажици џем или по потреба, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка какао

600 г шеќер
додајте 1 литар вода
и 300 мл масло за готвење

Постапка: најпрво растворете го шеќерот во водата, па додајте масло и брашно помешано со прашок за печиво. Промешајте убаво да се разбијат сите грутчиња. На крај додајте го кокосот и добиената смеса поделете ја два дела. Во едниот дел додајте какао и сечкани или мелени ореви и изедначете.

во 900 г брашно додајте 1 лажичка прашок за печиво
брашното постепено додавајте го во течните состојки
изедначете ја смесата да нема грутчиња
додајте 50 г кокос
смесата поделете ја два еднакви делови
во едниот додајте лажичка какао во прав
..и 50 г мелени ореви
изедначете ја смесата

Добиената смеса рамномерно распоредете ја во плех со средна величина, претходно намастен и набрашнет, па ставете ја во загреана рерна на 200 степени 20-25-тина минути колку да се запечи. Потоа извадете го печениот бисквит и додека сè уште е топол, премачкајте го со тенок слој мармалад по ваш избор.

смесата печете ја на 200 степени 20-25 минути
запечениот бисквит извадете го од рерна
…и премачкајте го со мармалад

Потоа излејте ја одозгора белата смеса. Израмнете и наросете сусам и ореви. Вратете го колачот во загреаната рерна да се допече уште половина час. Кога е печен колачот извадете го да се олади, па сечете го и послужете го. Прекрасно, вкусно и брзо. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

излејте го вториот дел од смесата и одозгора наросете сусам и мелени или сечкани ореви, па вратете да се допече уште половина час
печениот колач оставете го да се олади
потоа сечете го и послужете го
декорирајте по желба и уживајте во вкусот

Ако баравте посна торта која не содржи ниту масло, тогаш прочитајте го следниот рецепт: Пост на вода: Вкусен колач со гриз и кокос без јајца, брашно, млеко и масло

За сите кои постат еве одличен рецепт за вкусен десерт. Се приготвува за само неколку минути, единствено што треба да почекате е да се олади и стврдне. Ако многу ви се брза можете да го ставите и во замрзнувач. Во рецептот не е спомнато, но по желба можете да користите и мелени лешници, чоколадо или нешто друго по вкус.

Потребни состојки: 2 литри вода, 500-600 г гриз, 300 г шеќер, 1 ванилин шеќер или екстракт од ванила, 200 г кокос, 2 лажици какао во прав. Може да додадете и малини, јагоди, банани или џем…

Потребни состојки
посна торта со гриз и кокос

Постапка: Сварете го гризот во вода заедно со шеќерот и ванилата. Веднаш поделете го два еднакви дела, па едниот додајте кокос, а во другиот какао. Калап со пречник од 25 см обложете го со проѕирна фолија.

со постојано мешање додајте го гризот
мешајте постојано за да не се создадат грутчиња
варете го гризот додека да згусне
поделете го на два еднакви делови
во едниот дел додајте кокос
во другиот дел додајте какао

Излејте го првиот дел со кокос, па премачкјате со 4 лажиџи џем или рамниомерно распоредете некое овошје по ваш вкус, па одозгора прелијте го вториот дел со какаото. оставете го колачот добро да се стегне во фрижидер или еден час во замрзнувач.

во обложен плех рамнимерно распоредете го белиот дел
премачкајте со џем, па додајте го кафеавиот дел

израмнете и ставете го колачот во фрижидер на ладење
превртете го врз чинија, па сечете и послужете

Потоа превртете го колачот и така извадете го од калапот. отстранете ја фолијата и наросете го со кокос или декорирајте го по ваша желба. Сите детали околу постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.