Повеќе од 100 милилитри алкохол седмично е опасно по здравјето, наведуваат епидемиолозите и експертите за јавно здравје во студијата објавена во медицинското списание „Лансет“.
Тоа се десет чаши седмично – од по 250 мл пиво или по 100 мл вино или 30 мл жесток пијалак. Оваа количина носи најмал ризик од смрт, а утврдена е со испитување на 600.000 луѓе кои пијат.
Во британската студија се наведува дека секоја чаша над препорачаните десет неделно, го скратува животот за 15 минути.
Покрај тоа, научниците укажуваат дека многу земји се преблаги во советите за умерено консумирање на алкохол и предупредуваат дека е потребно да се соопштуваат повеќе препораки за опасностите од алкохолот.
Франција е една од најстрогите бидејќи не препорачува повеќе од 10 чаши алкохолни пијалаци седмично, Белгија дозволува 21 чаша за мажи и 14 за жени, а во Швајцарија препораката е не повеќе од 10 до 15 чаши за мажи.