Голем број жени, особено после бременоста и доењето се незадоволни од состојбата на своите гради кои најчесто остануваат смежурани со висната кожа, па размислуваат за оперативен зафат за да го вратат младешкиот изглед и цврстина или едноставно за да ги зголемат градите. Ако веќе сакате себеси да си дозволите естетска операција, тогаш со истата никако не смеете да си го загрозувате здравјето!

Доколку размислувате за ваков оперативен зафат, пред се’, себеси би требало да си поставите три прашања:

1.Дали таа операција ќе го промени мојот живот кон подобро?

2.Дали доволно се распрашав и информирав за целокупниот зафат?

3.Дали го одбрав вистинскиот доктор и сигурна здравствена установа?

Не заборавајте дека секоја операција со себе носи одреден ризик, како и самата анестезија, а вашето здравје секогаш треба да ви биде на прво место. Соодветниот облик на имплантите секако дека е важен, од кој ќе бидете задоволни со естетскиот ефект, но и да се прилагоди кон вашиот граден кош и обликот на дојките.

Ниеден имплант не е најдобар! Секако треба да имате во предвид дека сето тоа се вештачки материјали кои имаат свои потенцијални негативности. Но, во секој случај, треба да бирате според степенот- најмалата капсуларна контрактура, пипкање на ивиците на имплантот, видливост на набори, должина на траење и многу други својства.

И тоа како постои опасност од пукање на имплантот! Тоа не е никаков мит. Овој опасен проблем може да се јави кај голем број импланти со послаб квалитет. Токму поради тоа е многу важно годишно да се прегледуваат градите со уктразвук, а доколку се забележи било какво оштетување, имплантите мора да се заменат. Алтернативен дијагностички метод е магнетна резонанца.

Опасностите од операција со која се зголемуваат градите се доста познати, но може да се преземат одредени чекори за да се сведат на минимум. Со добар детален преоперативен преглед на квалитетот на кожата и мускулот, може да се констатираат деформитети на градниот кош и со самото тоа можно е да се направи добар план за операција. На тој начин ќе се одбегнат асиметрии и потенцијално незадоволство на пациентот со новиот изглед. Исто така, исклучително е важен изборот на правиот имплант за пациентот. Прецизна и внимателна операција доведува до намалување на можноста од појава на хематом и сером.

Не се завршува се’ со излегување од операциона сала. Грижливата посветеност на пациентот со постопертивните упатства на докторот ја намалува можноста од појава на контрактури, несакани позиции на протезата, истенчување на мускулот или кожата и појава на нерамнини.

Сите ризици и можни компликации се намалуваат доколку докторот и пациентот се посветени на оваа операција. Доколку заедно ги испочитуваат претходно договорените обврски, животот се менува многуструко кон подобро. Степенот на задоволство се рефлектира на сите сегменти од приватниот живот. Секако, никако не треба да се заборави дека животот може да се промени и на друг, полош начин, доколку се пристапи несериозно кон една ваква операција. А последиците може да бидат и катастрофални.

Имајте во предвид дека ваквата операција не е неопходна за да имате среќен и долговечен живот, но доколку мислите дела зголемувањето на градите ќе ви го разубави животот и ќе ви ја зголеми самодовербата, не заборавајте пред носењето на конечна одлука да направите добро и квалитетно истражување. Секогаш имајте го на ум следното – вашата сигурност е најважна!