Овој напиток е богат со драгоцени состојки кои благотворно делуваат на коските, и воопшто на целиот локомоторен апарат. Златното млеко ги лечи зглобовите и коските, штити од канцер и други болести на виталните органи. Златното млеко претставува пијалак на древната индиска медицина. Се верува дека со векови бил чуван во тајност.
Според индиската медицина златното млеко и воопшто златната боја се симбол на здравје и лековитост. Секако, ова млеко има и потврдено многу здравствени придобивки врз телото, врз имунитетот, здравјето на зглобовите, коските, рбетниот столб и скоро врз сите витални органи.
Златното млеко делува како „подмачкувач“ и помага за повторно воспоставување на кичмената флексибилност и намалување на крутоста при движењето.
Корисно е за хематопоезата (формирањето на кр-вните клетки), за здравјето на дебелото црево, нервниот систем и коскеното ткиво. Рецепт за златно млеко за зајакнување на коските и подобра подвижност на зглобовите: се прави во неколку чекори. Прво направете ја пастата од куркума.
Состојки за паста од куркума: 40 г куркума во прав 100 -150 мл вода. Подготовка на пастата од куркума:
Куркумата измешајте ја со водата и ставете ја во сад на оган. Промешајте и оставете ја да зоврие, а потоа варете ја така околу 8 минути, додека содржината се згусне.
За тоа време постојано мешајте. Ако мешавината е прегуста, додајте уште малку вода. Готовата паста треба да има конзистенција како кисело млеко. Потоа, подгответе си го топлиот напиток за добро здравје.
Состојки за подготовка на златно млеко: 250 мл млеко (обично или растително), 2 лажички бадемово масло или масло од семка од кајсија, 1 лажичка природен мед, или повеќе по вкус и 1 лажичка паста од куркума.
Подготовка на златното млеко: млекото проварете го и во него додајте го бадемовото масло (може и да го замените со друго нерафинирано). Тргнете го садот од оган, ставете го млекото во шолја, па додајте од претходно приготвената паста од куркума. Засладете по вкус и убаво измешајте.
Начин на употреба на златното млеко:
Пастата од куркума можете да ја припремите во поголема количина и да ја користите во текот на 40 дена, колку што е времетраењето на третманот. За да ја зачувате исправна, неколку лажички од пастата оставете ги во затворен сад во фрижидер и оваа количина искористете ја во наредните денови. Остатокот замрзнете го и користете го по потреба.
Рецептот за подготовка го имате погоре. Златното млеко се пие наутро на празен желудник и навечер пред спиење. Се пие 40 дена, но само 2 пати годишно. Забелешка: Оние кои имаат проблеми со жолчната кеса, не се препорачува да го пијат златното млеко, бидејќи куркумата има диуретичен ефект.
Што сè лекува куркумата?
Современата наука како и традиционалната медицина, високо ја цени оваа лековита билка. Жолтиот куркумин е главната активна состојка на оваа билка. Лековитоста на куркумата се објаснува со тоа што лутиот вкус на оваа билка ги ели-ми-нира микроорганизмите и паразитите, го униш-тува вишокот слуз, масти, лепливи токсини, го поттикнува кр-вотокот и комплетно метаболизмот.
Горчливиот вкус е најдоброто средство против тру-ење, грозница, воспаление, болести на кр-вта и кожата. Исто така, ги отстранува чиревите, салото, потта, гно-јот, јадежот, го чисти мајчиното млеко, матката, црниот дроб..