Медицински џем за нередовна тврда столица, опстипација (запек), ана-лна фисура, хемороиди или каков било друг проблем поврзан со нередовната столица – дефекација.
Овој џем ја омекнува столицата за еден ден, а потребно е да консумирате само 1 лажицаа дневно. Се подготвува за 15 минути, а толку брзо делува што веднаш ќе ви се приоди во тоалет.
Тврдата столица може да се јави поради најразлични причини. Првата и најчестата причина е недоволен внес на растителни влакна во исхраната. Модерниот начин на живот ни обезбедува брза подготовка на животинска храна која се јаде многу често.
Покрај животинската храна, се намалува процентот на внес на растителна храна. Тука се вбројува и рафинираниот шеќер, конзервираната храна, но и честиот проблем на денешницата – прекумерна консумација на ал-ко-хол.
Според досегашните податоци, луѓето кои живеат брз и канцелариски начин на живот внесуваат околу 22 г дневно растителни влакна. Оваа бројка е сосем мала во споредба со потребниот дневен внес на растителни влакна кој изнесува 30 г дневно.
Втората причина за појава на нередовна и тврда столица е седечкиот начин на живот. Луѓето работат од дома или во нивните канцеларии, а најчесто движењето низ град се одвива со кола. Користиме лифт наместо да се качуваме по скали.
Третата причина за оваа несакана појава е недоволен внес на вода во текот на денот. Дебелото црево апсорбира до 2 литра течности секој ден. Оваа течност не доаѓа само од храната и течностите кои ги внесуваме, туку и од желудочните сокови одговорни за варење на храната.
Доколку секојдневно не ја внесувате потребната количина на вода во текот на денот (2 – 2,5 л) вашата столица ќе биде тврда и тешко ќе се исфрлаат непотребните материи од организмот.
Четвртата причина за појава на тврда и нередовна столица е стре сот. Понекогаш и стре сот и секи рањето може да биде причина за да се одложи потребата за тоалет. Последната причина за појава на запек може да бидат најразличните лекови кои ги консумирате.
Понекогаш лековите може да ја намалат или да ја зголемат потребата за тоалет во зависност од тоа какви лекови пиете и за што пиете лекови. Доколку консумирате одредени лекови, а имате нередовна столица потребно е да се консултирате со вашиот лекар за оваа состојба.
Медицинскиот џем е потребно да го консумирате само по една лажица на ден, но нема да направи проблем ако изедете и повеќе. Најдобро е да го вметнете во појадокот како овесна каша или да го намачкате како намаз на интегрален леб.
Овој џем ќе ви помогне да ја поттикнете потребата за почесто одење во тоалет и да ја омекнете тврдата столица. Покрај тоа, овој џем е исто така многу вкусен. Не е премногу благ, па затоа може да го користите и навечер.
Рецепт за медицински џем – природен лек за тврдата столица и запек
Потребни состојки: 150 г суви сливи, 150 г свежи урми, 300 мл вода.
Постапка: Измијте ги сувите сливи и урмите под млаз вода. Најпрво исечкајте ги сливите на што е можно потенки парчиња. Откога ќе ги исечкате сливите, преминете на урмите и отстранете ја семката од нив.
Потоа повторете ја постапката на сечкање исто како со сливите. Урмите секогаш купувајте ги од продавница за здрава храна бидејќи изобилуваат со поголем број растителни влакна.
Исечканите сливи и урми ставете ги во претходно зовриена вода, поклопете го тенџерето и продолжете да готвите уште 10 минути додека овошјето да омекне. Повремено мешајте при варењето.
Медицинскиот џем е подготвен кога ќе се формира кашеста, густа смеса и ќе се соединат сите состојки, односно кога водата ќе испари. Во овој џем не треба да се додава шеќер или некој друг засладувач.
Ставете го џемот во сад да се излади, а потоа складирајте го во тегла која добро ќе ја затворите. Џемот е потребно да се чува во фрижидер, а секојдневно консумирајте по 1 лажица секојдневно за појадок или вечера.
Сливите изобилуваат со растителни влакна. Содржат 7 г растителни влакна во 100 г суви сливи. Тие ја олеснуваат потребата за во тоалет и одамна е познато нивното лаксативно дејство.
Сливите имаат способност значително да ја подобрат густината на коските, како и да ја променат количината на алкалните фосфати кои се наоѓаат во нив. Покрај тоа, докажано е дека ова овошје има способност да ја промените густината на минералите во коските на жените постменопауза.
Сливите го подобруваат здравјето на ‘рбетниот столб и неговата изджливост, а на тој начин се намалува ризикот од повреди и скршеници на екстремитетите. Покрај тоа што имаат лаксативно дејство, на тој начин помагаат во губење на вишокот килограми.
Богати се со витамин Ц, К и фитохемикалии кои се од голема важност за одржување на целокупното здравје. Имаат антивоспалително дејство, помагаат при тешкотии со концентрација, го зајакнуваат имунитетот и го подобруваат здравјето на срцето.
Урмите имаат антивоспалително дејство. Антиоксидантите во урмите дејствуваат на намалувањето на хроничниот процес на воспаление во телото, за намалување на вкупниот холестерол и високиот кр-вен притисок како еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања.
Урмите изобилуваат со минералот калоум. Калиумот, најзастапениот минерал со кој се богати урмите, делува на намалување на високиот кр-вен притисок, го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта кр-вните садови и ја подобрува циркулацијата.
Имаат богата содржина на растителни влакна. Растителните влакна во урмите можат да превенираат и да помогнат при дебелеење, но и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце.
Под регулирање на липидниот статус се поздразбира намалување на ”лошиот” LDL холестерол и намалување на триглицеридите (мастите) во кр-вта. Урмите го подобруваат здравјето на мозокот.
Бројните различни фитохемикалии содржани во урмите, помеѓу другите позитивни ефекти, низ истражувањата се покажале и како особено корисни за здравјето на мозокот. Пред се, тука се мисли на флавоноидните антиоксидативни компоненти. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска