Појадокот е најважниот дневен оброк. Појадокот е основа на дневното мени, показател дали се храниме исправно или не.

Доколку се стекнат здрави навики, за квалитетен и појадок исполнет со витамини и минерали, а не празни калории, верувајте, вашиот живот ќе тргне во поинаква, поквалитетна насока.

Зошто?

Затоа што, доколку за појадок земеме некој оброк од типот на тестенини, оброк подготвен од бело брашно, тогаш ние внесуваме само празни калории и ништо друго.

Калориите се претвараат во масти, кои се складираат околу стомакот, половината, бутовите и ете ги проблемите за оние кои се исфрустрирани од своите облини.

За општото здравје, холестеролот и шеќерот во крвта да не зборуваме.

Многупати досега сме го потенцирале значењето на житарките за појадок. Тоа е комплексен оброк со издозирани минерали, витамини, протеини, влакна…

Секако, мора да се води сметка за евентуално додедениот шеќер. Таквите житарки одбегнувајте ги!

Но, секој ден не можете да јадете житарки, ќе ви здосадат. Затоа, одберете два дена во неделата во кои ќе јадете овошје. Најдобро е сезонското овошје.

Лете, во месеците јули и август, актуелни се сливите. Сливите обилуваат со влакна, кои ќе ви ја подобрат перистралтиката, витамин Ц, витамин А и.т.н.

Највважно од сè е што сливите содржат многу малку калории, само 50 во 100 грама, па така, одлични се и за оние кои сакаат да ја намалат својата тежина.

Погледнете ја нутритивната табела за сливите:

Петар Попоски