Дуњата e плод на есента, но е вистински лек за организмот. Откако ќе прочитате за што сè е корисен овој плод, сигурни сме дека ќе го сочувате рецептот за следната есен и ќе си приготвите вкусно слатко или компот.
Покрај минималното количество калории и маснотии што ги содржи дуњата, богата е со протеини, јагленихидрати, диетални влакна и содржи многу танини и пектин.
Семето на дуњата содржи дури 15% масло и големи количини на важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семето е исто така богато со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протеид.
Овошјето, лисјата и семето се исто така лековити, особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузот, тој има корисен ефект врз работата на цревата и спречува заразни болести.
Сок од дуња варен со иста количина шеќер, лечи кашлица, астма и акутна дијареа. Печена или варена дуња се препорачува за воспаление на слузокожата на желудникот и цревата, но и за третман на анемија.
Чајот од цвет од дуња помага во смирување на кашлицата, а чајот од семе има смирувачко дејство, ја елиминира несоницата, како и лошиот здив. Дуњата е одлична комбинација со печено месо, пилешко месо, говедско месо и дивеч.
Дуњата е витаминска б омба и е позната во народната медицина каде се користи првенствено како средство за ублажување на кашлицата и смирување на стомачните тегоби. Ова корисно овошје потекнува од југозападна Азија. Лековитите делови се плодовите, лисјата и семињата, а особено сокот и сирупот од овошјето.
Овошјето од дуња е богато со витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, витамин Б1, Б2, ниацин, каротен, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум. Покрај тоа, содржи протеини, растителни влакна и јаглехидрати.
Дуњата е исто така природен освежувач на воздухот. Семето е нејзиниот најлековит дел, а кога ќе отстои во водата, се ослободува слуз, што помага при проблеми со кашлица.
Благодарение на танинот и слузта, ова овошје има корисен ефект врз работата на цревата и спречува заразни болести. Исто така, дуњата содржи многу пектин, кој има корисен ефект врз циркулаторниот систем, помага во намалување на кр-вниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.
Дуњата се користи и за лекување на воспалено грло, крајниците, респираторниот тракт, како и за ублажување на тешката менструација. Чајот од семе од дуња помага при несоница, ја ублажува напнатоста и го ублажува лошиот здив, додека семката од дуња лекува изго-реници и ра-ни. Чајот од листови од дуња е одличен природен лек за запирање на дијареата.
Овошен чај
Овој чај има корисен ефект врз респираторните проблеми, смирува кашлица, засипнатост и ги ублажува симптомите на бронхитис.
Подготовка: Измијте го, исчистете го и исечете го овошјето на четири делови. Отстранете ги семињата и тврдиот дел околу нив, пресечете го месестиот дел и веднаш ставете го овошјето во литар вода, додека не ја сменило бојата.
Варете на тивко 15 до 20 минути, а потоа оставете да се излади. Процедете го чајот и пијте голтка по голтка текот на целиот ден.
Сируп за бронхитис
Можете да направите народен лек против кашлица и воспаление на респираторните органи многу едноставно и од само неколку семиња дуња.
Подготовка: Издробете 5 семки од дуња и ставете ги во 100 мл вода. Кога ќе се формира густа слузна смеса, додајте 15 г свеж сок од тегавец и 100 г суруп од мед и жалфија. Консумирајте по една лажичка трипати на ден пред јадење.
Сок за проблеми со желудникот
Лесно можете да ги елиминирате дигестивните проблеми со сок од дуња.
Подготовка: Измијте и ситно изрендајте килограм дуња, па процедете го сокот низ газа. Испијте го сокот веднаш бидејќи брзо оксидира. Најдобро е да го пиете пред јадење.
Мевлем од дуња за изгореници
Мевлемот од семе од дуња може да биде корисен за лекување на лесни изгореници и ра-ни.
Подготовка: Издробете 10 г семе од дуња, прелијте 200 мл вода и почекајте да се формира слузава маса. Потоа нанесете го на погодениот дел од телото, директно или како облога.
Слатко од дуња и ореви – најбрзиот рецепт на старински начин
Потребни состојки: 1,5 кг рендани дуњи, 2 кг шеќер, 400 мл вода, 1 лимон.
Подготовка: Најпрво излупете ги дуњите, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додека ги рендате дуњите, може да ја променат својата боја. Затоа може постепено да додавате малку сол од лимон врз ренданиот плод.
Во поголемо тенџере ставете го шеќерот со вода, промешајте и оставете да се растопи шеќерот на тивка температура. Во растопениот шеќер и кога ќе почне да се прави густа маса, додајте ги дуњите во тенџерето.
Протресете го малку тенџерето, но не го мешајте слаткото. Оставете слаткото да се вари уште 15 – 20 минути. Предност на ова слатко е тоа што не се создава пена, и не е потребно да ја отстранувате.
Пред самиот крај додајте 4 парчиња сечкан лимон на кругови и оставете да го испушти сокот уште 2 минути. Потоа тенџерето тргнете го од рингла и додајте ги претходно ситно сечканите ореви.
Потоа со дрвена лажица промешајте го слаткото додека да се соедини со оревите. Пред да го складирате слаткото во стерилизирани тегли, почекајте 15 – 20 минути да се излади.
Затворете ги теглите, а слаткото чувајте го на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска